Вести
Најмалку 20 загинати во два бомбашки напада во Багдад

Најмалку 20 лица загинаа и повеќе десетици се ранети во две експлозии во вторникот навечер во претежно шиитски населби на ирачката престолнина Багдад.
Според телевизијата al-Sumeriyah, три лица загинале во експлозија на автомобил бомба на гасна постојка во јужната багдадска населба Зафарнија. Притоа биле повредени уште 12 луѓе, од кои повеќето се во критична состојба, рекол извор од ирачките безбедносни сили кој барал да остане анонимен.
Агенцијата AFP пренесе дека уште еден автомобил бомба бил детониран на фреквентна улица во ал-Џадида, источен кварт на Багдад. Во оваа експлозија биле убиени 17 лица, а уште 43 се ранети, рекол полковник на ирачката полиција кој, исто така, барал да остане неименуван.
Досега никој не ја преземе одговорноста на за овие напади, но познато е дека мнозинските ирачки шиити се цел на ваквите напади од страна на радикалните сунитски групи предводени од поранешни офицери на егзекутираниот ирачки диктатор Садам Хусеин, вклучително и џихадистиката Исламска држава.
Во петокот, 17-ти јули, на пазарот во градот Хан Бани Саад, 30-ина километри од Багдад во покраината Дијала, беше изведен атентат со автомобил бомба во кој загинаа 120 луѓе кои излегле да го одбележат празникот на рамазанскиот Бајрам. Одговорноста за масакрот во овој мешан по етничка и конфесионална линија град ја презема Исламската држава, за којашто сите оние кои не го прифаќаат нејзиното ригидно практикување на исламот се „неверници“.
Мисијата на Обединетите нации за помош на Ирак минатата седмица објави дека вкупно 1.466 луѓе се убиени и уште 1.687 се ранети во терористички напади, насилства и во вооружениот судир меѓу ирачките безбедносни сили и Исламската држава во јуни. Според истиот извештај, 665 од загинатите се цивили и 801 припадник на безбедносните сили, а само во главниот град Багдад во експлозиите загинале 324 цивили во текот на минатиот месец./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.