Спорт
Лапорта беснеел по Интер – бил уморен од некои играчи на Барселона

Шпанскиот новинар Хозе Алварез Хаја тврди дека претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, полудел по ремито 3:3 на Барселона против Интер во четвртото коло од Лигата на шампионите. Барселона по четири кола заостанува три бода зад второпласираниот Интер и веројатно нема да успее да се пласира во нокаут-рундата во Лигата на шампионите, туку ќе продолжи да се натпреварува во Лига Европа.
„Матеу Алемани и Жорди Кројф се обидоа да го смират Лапорта. Беше целосно надвор од контрола. Сакаше да уништи сè бидејќи виде дека проектот е загрозен. Лапорта беше многу возбуден поради Лигата на шампионите. Во јануари тој веќе ќе направи некои промени. Ситуацијата по Интер беше комплицирана“, изјави Алварез на „Ел Чирингито“.
„Лапорта е уморен од некои играчи. Тој е лут токму поради нив. Уморен е од одредени имиња, за кои зборуваше последните недели. Позицијата на спортскиот директор Алемани не е загрозена”, додаде тој.
Барселона минатото лето потроши 333 милиони евра. Рафиња од Лидс пристигна во клубот за 58 милиони евра, Жил Кунде за 50 милиони евра, Роберт Левандовски за 45 милиони евра, а како слободни играчи во клубот дојдоа Франк Кеси од Милан, Андреас Кристенсен од Челзи, Хектор Белерин од Арсенал и Маркос Алонсо од Челзи.
Во недела од 16:15 часот Барселона гостува кај Реал Мадрид во Ел Класико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“