Црна хроника
Казни за 130 возачи во државата за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се судрија „шкода“ и „мерцедес“ во Куманово, тројца завршија во болница
Во СВР Куманово вчера било пријавено дека на ул.„Братство и единство“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(62) и „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(60), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ.(44) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
69-годишен пешак е тешко повреден, го удрил возач со комбе
Вчера во 13.15 часот во СВР Велес, било пријавено дека на ул. „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, товарно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.А. (40) удрило во пешакот Р.Л.(69) и двајцата од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Општата болница во Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Црна хроника
Турчин е тешко повреден откако со „хјундаи“ излета од патот, со повреди се и двајца сопатници
Денеска во 04.35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново на мостот кај с.Беловиште, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(45) од Р.Турција, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н.(22) и О.Т.(23), двајцата од Р.Турција, констатирани во Општата болница во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.