Спорт
Милијардерот Џејмс ја предводи листата на Форбс
Леброн Џејмс деветта година по ред ја предводи листата на Форбс на кошаркари со најголема годишна заработка, со речиси 30 милиони долари повеќе од следниот на листата Стеф Кари. Иако има НБА-играчи со поголеми договори од Џејмс, тој ја направи разликата со инвестиции надвор од теренот.
Џејмс во наредната сезона ќе заработи 44 милиони долари од договорот со ЛА Лејкерс, а Форбс остатокот од неговиот приход го проценува на околу 80 милиони долари, што на годишно ниво изнесува 124,5 милиони долари.
Ниту еден играч во историјата на НБА не успеал да инкасира толку пари за една година.
Во пресметката се вклучени и спонзорските договори, но не и сите приватни инвестиции, така што ова е најниската можна проценка.
Втор на листата е Стивен Кари од Голден Стејт Вориорс (95,1 милиони), потоа Кевин Дурант (88), Џанис Антетокунмпо (86,5) и Расел Вестбрук (82,1). Топ 10 ја затвораат Клеј Томпсон, Демијан Лилард, Џејмс Харден, Пол Џорџ и Џими Батлер. Десеттемина заедно ќе заработат околу 750 милиони долари.
Листата на Форбс на НБА-кошаркари
1. Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс) 124,5 милиони долари
2. Стивен Кари (Голден Стејт) 95.1
3. Кевин Дурент (Бруклин) 88,0
4. Џанис Антетокунмпо (Милвоки) 86,5
5. Расел Вестбрук (ЛА Лејкерс) 82.1
6. Клеј Томпсон (Голден Стејт) 60,6
7. Демијан Лилард (Портланд) 60,5
8. Џејмс Харден (Филаделфија) 53,0
9. Пол Џорџ (ЛА Клиперс) 51,0
10. Џими Батлер (Мајами) 49,7
Џејмс неодамна стана првиот активен кошаркар кој надмина милијарда долари во кариерата. Мајкл Џордан влезе во друштвото на милијардери во 2016 година, долго по завршувањето на неговата играчка кариера.
Леброн е исто така еден од само петте спортисти во тимски спортови со годишна плата од повеќе од 100 милиони долари, останатите се ѕвездата на НФЛ Дак Прескот и фудбалерите Лео Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24).
Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда.
Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк.
Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна кариерата во Волендам.
Одигра 17 натпревари за холандската репрезентација и постигна еден гол.
Со Ван Дајк, тој веројатно ќе го формира стоперски тандем на Холандија на следното Светско првенство.
Foto/ depositphotos
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:


