Спорт
Нова фудбалска реклама со Меси, Роналдињо и Погба е хит
Останува уште нешто повеќе од еден месец до Светското првенство во Катар, второто Светско првенство во историјата кое се одржува во Азија. Во пресрет на еден од најголемите спортски настани во светот, „Пепси“ сними нова реклама која користи мотиви на „пустински“ улици и типични муслимански пазари какви што ќе можат да ги искусат навивачите кои патуваат на Блискиот Исток.
Во рекламата се појавуваат три светски суперѕвезди. Заедно со седумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, тука се и Пол Погба од Јувентус и Роналдињо, поранешен играч и еден од најомилените фудбалери во историјата. Рекламата брзо стана вирална, а првите критики се исклучително позитивни.
„Пепси“ успеа да разбуди носталгија со стариот хит на Фетбој Слим, „The Rockafeller Skank“, кој беше насловна песна во неколку верзии на фудбалската игра на ФИФА.
Во видеото исто така доминираат мотиви кои непогрешливо укажуваат на модерниот фудбал. Емотикони, социјални мрежи, рејтингот од ФИФА, појавувањето на ѕвездите на ТикТок. Со овои мотиви „Пепси“, сака некако да го спои новиот и стариот фудбал.
The new Pepsi film is a proper throwback to the glory days of football ads. Absolute class ????@PepsiGlobal, @PaulPogba, @10Ronaldinho pic.twitter.com/PsC6TszRfr
— Project Football (@ProjectFootball) October 13, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“