Спорт
Гвардиола: Ливерпул и понатаму е нашиот најголем конкурент за титулата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, тврди дека Ливерпул и понатаму е најголемиот конкурент на „граѓаните“ за првото место во Премиерлигата. Шпанскиот стратег вели дека воопшто не ја гледа табелата каде сега Ливерпул заостанува 13 бода зад Манчестер Сити.
„Секогаш било тешко против Ливерпул и не се сомневам дека таков дуел не очекува и в недела. Натпреварот ќе го решаваат фудбалерите на теренот, а не пласманот на табелата. Тие и понатаму се наш најголем ривал за титулата. Ако преостануваа само три натпревари до крајот на сезоната, ќе речев дека немаат шанси да стигнат до врвот, но со толку многу натпревари до крајот и плус околностите со Светското првенство, сè може да се случи“, изјави Гвардиола.
Ливерпул ќе го пречека Манчестер Сити в недела на „Енфилд Роуд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“