Спорт
Мејведер заработил милион долари за еден телефонски повик
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/mejveder.jpg)
Флојд Мејведер, еден од најдобрите боксери на сите времиња и веројатно најбогат спортист на планетата, најде оригинален начин да заработи огромна сума на пари. Поранешниот шампион бараше милион долари само за да се јави на телефон за да договори егзибициска борба со ѕвездата на „јутјуб“, Деџи Олатунџи, на 13 ноември во Дубаи.
„Ми се јавија организаторите и ми рекоа дека сакаат да ме видат во Емиратите. Им реков дека нема да разговарам додека не се изврши уплатата. Кога видов дека е платено, можевме да започнеме преговори“, изјави Флојд „Мани“ Мејведер.
Од неговото пензионирање, Мејведер заработи повеќе од 110 милиони долари од егзибициски борби.
„Не сакам повеќе да се борам. Егзибициите ме радуваат, се додека носат ваков профит“, изјави Мејведер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Модерниот дом на фудбалот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/LAPCIG.jpg)
Модерниот дом на фудбалерите на Лајпциг се наоѓа на местото на некогаш најголемиот стадион во Германија и еден од најголемите во Европа.
Во него се вградени најнапредните аудио-визуелни системи.
Oсветлувањето е интегрирано во покривот, а акустиката на стадионот е најдобра во земјата.
„Стадионот Лајпциг“, како што официјално се нарекува за време на Европското првенство, прима 40.000 навивачи – помалку од сите останати.
Поради добрата акустика, стадионот во Лајпциг беше домаќин на концертите на Тина Тарнер, Пол Макартни и многу други музички великани.
Градот Лајпциг е познат во светот по својата богата музичка традиција и импресивна архитектура.
Кулата висока 142,5 метри е најпрепознатливото архитектонско обележје на Лајпциг, а палубата за набљудување на 31-ви кат нуди панорамски поглед на целиот град и поширокиот регион.
Ова е последен дуел на Европското првенство што ќе се одигра во Лајпциг.
Спорт
Турција со огромна поддршка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/A.jpg)
Турција ќе биде без суспендираниот капитен Чалханоглу и централниот бек Акајдин, но дефанзивецот Бардакчи е на располагање по суспензијата од еден натпревар.
Но, интересно е што Турција не победи на ниту еден од претходните четири натпреварувачки натпревари без Чалханолгу.
Оваа серија вклучува пораз од 2-1 од Фарски Острови во Лигата на нации.
Австријците во групната фаза постигнаа шест и примија четири гола.
Во листата на стрелците на Европското се запишаа Сабицер, Шмид, Траунер, Арнаутовиќ и Баумгартнер. Против Холандија, Дони Мулен со автогол придонесе за подобра гол разлика на Австрија.
Кевин Вимер ќе го пропушти натпреварот против Турција, поради жолти картони.
Филип Мвен ја санираше повредата и ќе му биде на располагање на тренерот за дуелот.
Изгледите за натпреварување во нокаут рундата за селекцијата на Австрија по почетниот пораз од Франција не беа големи. Сепак, два последователни триумфи, најпрвин над Полска, а потоа и против Холандија, ги донесоа на челната позиција во групата.
Турција го започна европското со победа против дебитантот Грузија, но потоа загуби од Португалија. На крајот од групната фаза Турците беа подобри од Чешка.
Спорт
(ВИДЕО) Рутинска победа за Холандија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/HOLANDIJA.jpg)
Романската бајка заврши брзо.
Новото поглавје започна добро, но Холанѓаните се потрудија да му дадат тажен крај.
Разликата во класата беше евидентна, а кога Холанѓаните одиграа според таа разлика и според фазата на натпреварување, јасно беше дека првото место во групата ќе остане единственото големо сеќавање од Германија за романските навивачи.
Холандија поведе во првото полувреме, поточно во 20. минута, кога погоди Гакпо, а потоа во 83. минута ја потврди победата со голот на Мален, кој на крајот го постави конечниот резултат во последните секунди од натпреварот – 3:0.
Романците целосно застанаа и до крајот на мечот не успеаа да создадат ниту една убава шанса. Добрата организација и фокусот целосно исчезна во првото полувреме.
Голем број на нафрлувања од игра, но и од бројни корнери останаа нереализирани.
Ова е крај за Романија, а Холандија во четврт-финалето го чека подобриот од пресметката Австрија-Турција.