Македонија
Град Скопје: Целосна реконструкција на улицата „Бутелска“,
Денес градоначалничката на Град Скопје изврши увид на завршната фаза од градежните работи за реконструкција на улицата „Бутелска“,
Град Скопје ја реконструира улицата Бутелска од вкрстувањето со ул. „Александар Урдаревски“ до приклучокот кон обиколницата, информираат од таму. Реконструкцијата на коловозот е на површина од 7.687 квадратни метри и должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел. Целосно се реконструираат оштетените тротоари и автобуските постојки.
„Во исто време се превземаа активности за подобрување на водоводната линија Ф400 со цел намалување на можности од дефекти на ново-асфалтираната улица во иднина поради дотраеност. За атмосферската канализација се изработува дел од крак DN 400 со цел да се развие нова општинска атмосферска линија. Со реконструирање на улицата Бутелска се решава децениско барање на граѓаните во овој дел од општината, а воедно се олеснува функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег“, е наведено во соопштението од Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

