Економија
Одржан состанок со директорот на Одделот за статистика на ММФ: НБ обезбедува висококвалитетни статистички податоци
Народната банка преку квалитетното извршување на статистичката функција и натаму придонесува за јакнење на процесот на донесување одлуки на економските чинители. Постојано се прибираат, се изготвуваат и се објавуваат податоци согласно со меѓународните стандарди, а не заостануваат ни активностите за развој и надградба во одделните статистички домени.
Во овој контекст беше истакнато дека Народната банка за првпат ќе објави и ќе достави и нов сет статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Со тоа, Народната банка е на чекор до целосното исполнување на показателите што се во нејзина надлежност, а произлегуваат од највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС плус, којшто го исполнуваат само 29 земји во светот.
За ова беше разговарано на состанокот меѓу директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска, одржан во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка.
Активностите на Народната банка беа насочени пред сè кон унапредување на податоците во доменот на финансиските сметки, процес потпомогнат од Одделот за статистика на ММФ.
За таа цел, Народната банка предвидува покрај објавување годишни состојби, да започне со објавување и квартални податоци за финансиските сметки, со што ќе се овозможи достапност на пофреквентни информации за носителите на политиките и за согледување на движењата по одделните сектори, коишто може да претставуваат показател за евентуални економски ранливости.
На состанокот беше истакнато дека Народната банка постојано применува практики за зајакнување на транспарентноста во однос на статистичките податоци.
Народната банка остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци, а за следење на напредокот во оваа област беше спроведена Анкета за задоволството на известувачите и корисниците на статистиката.
Резултатите од Анкетата спроведена во октомври 2021 година потврдија дека Народната банка обезбедува висок квалитет на статистичката функција. Добиените одговори и предлози ќе се користат за планирање на активностите за понатамошно унапредување на комуникацијата со корисниците и рационализирање на процесот на известување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

