Свет
Борел: Треба да утврдиме кој е одговорен за руските воени злосторства во Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел, рече дека го поддржува утврдувањето на одговорност за руските воени злосторства во Украина.
„Силно го поддржувам преземањето на сите мерки во врска со одговорноста за злосторствата и треба да видиме кој е најдобриот начин да го направиме тоа“, одговори Борел на новинарско прашање дали го поддржува формирањето на специјален суд, кој ќе се занимава со руските воени злосторства во Украина.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска се собраа во Луксембург на состанок на кој треба да одобрат мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ и дополнителни 500 милиони евра помош за набавка на оружје за украинските сили.
Мисијата за обука на украинските војници треба да почне кон средината на следниот месец во Полска и Германија.
Министрите ќе разговараат и за испорака на ирански беспилотни летала во Русија. Украинската престолнина Киев во понеделникот наутро беше изложена на силни напади со беспилотни летала. Борел рече дека треба да се утврди за чии дронови станува збор додавајќи дека Иран негира дека се нивни. Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, без никакво двоумење, изјави дека станува збор за ирански беспилотни летала и дека ЕУ треба да одговори на тоа со конкретни мерки.
Неповрзано со проблемот со беспилотните летала, се очекува министрите да воведат санкции за 15 ирански официјални лица, вклучително и забрана за патување и замрзнување на имотот, поради разбивање на демонстрантите, кои демонстрираа откако моралната полиција ја затвори и уби 22-годишната Махса Амини поради неправилно носење хиџаб, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.