Спорт
Де Јонг: Не е точно дека мојата плата не е намалена
Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг демантираше дека одбил да прифати намалување на платата во каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.
Барселона во текот на летото се обиде да го продаде Де Јонг на Манчестер Јунајтед, но холандскиот фудбалер одби да ја продолжи кариерата во англискиот клуб.
Некои медиуми објавија дека Барселона му должи пaри на Де Јонг, како и дека холандскиот фудбалер одбил да го ревидира договорот поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот од „Ноу Камп“.
„Имаше многу лаги за мојата плата. Во секоја од трите години колку сум во Барселона, мојата плата беше намалувана. Парите на крајот се враќаат, па се чини дека ги има многу. Луѓето не го разбираат ова, но бројките што ги прикажуваат медиумите се лажни“, рече репрезентативецот на Холандија.
Де Јонг (25) пристигна во Барселона во 2019 година од Ајакс за 85 милиони евра. За каталонскиот клуб одигра 151 натпревар и постигна 14 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Пикси: Не бевме вреќа за удирање
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326792.jpg)
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Дрган Стојковиќ Пикси, во првата изјава рече дека елиминацијата од ЕП не е неуспех.
„Жал ми е што не го направивме тој чекор понатаму. Исклучително сум горд на момците. Се бореа, дадоа се од себе, но така е во фудбалот“, започна Пикси и потоа го коментираше мечот со Данска.
„Тежок натпревар, 50-50 во сите параметри. Направивме се за да одием понатаму. Не се резилевме, никој не не победи со 5:0 па ни се смеат и да не навредуваат. Не заслуживме да загубиме од Англичаните. Другите два натпревари беа тешки, тактички и резултатски. Знаев дека вечерва нема да имаме шанси, кави што имавме против Словенија. Вечерва не постигнавме гол. Одиме понатаму со кренати глави. Момците ги заслужуваат сите честитки за нивниот напор’, рече Пикси со напомена дека еден гол решил кој ќе оди во нокаут фазата.
Спорт
Српските фудбалери со концерт од свирежи испратени од стадионот во Минхен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12327019.jpg)
Фудбалската репрезентација на Србија го заврши настапот на Европското првенство. Во конкуренција на Англија, Данска и Словенија, Србите освоија два бода и завршија на последното место во групата.
Во последното коло, на Србите им требаш победа над Данска, но не успеаја. На крајот од натпреварот со концерт од свирежи беа испратени од околу 30.000 свои навивачи на стадионот во Минхен.
Репрезентативците на Србија по завршувањето на натпреварот сакаа да им се заблагодарат на повеќе од 30.000 српски навивачи кои ги бодреа, но добија свирежи, навреди, а во еден момент навивачите фрлаа пластични чаши кон нив.
Спорт
Ц групата го изедначи негативниот рекорд на ЕП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326963.jpg)
На шест натпревари во групата Ц, во која партиципираа Србија, Англија, Словенија и Данска, беа постигнати само седум гола, што на ЕП се случило само уште еднаш од воведувањето на групната фаза (1980).
Во првото коло Англија ја победи Србија (1:0), а Данска и Словенија ремизираа (1:1). Во второто Словенија и Србија, односно Данска и Англија одиграа 1:1. Последното трето коло во оваа група донсе два натпревари (Србија-Данска и Словенија-Англија) без голови.
Претходно, во 2016 година беа постигнати седум гола. Интересно и тогаш во прашање беше Ц групата. На ЕУРо 2016 во Франција во групата играа Германија, Полска, Северна Ирска и Украина.