Македонија
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во посета на Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/MNR-ministerstvo-za-nadvoresni-raboti.jpg)
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе ѝ биде домаќин на заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе бидат и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ.
Во рамките на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, како и со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Црвена Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ: Вратите на Левица се отворени за сите вистински левичари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/crvena-mladina-gerila-akcija.jpg)
Црвената Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ“, велат од Црвената Младина.
„Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица. Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и ситр угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, соопшти Црвената Младина.
Македонија
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Pozarnikari-Skopje.jpg)
Пожарот кој се случи во станбената зграда на улицата Виа Игнација број 8 во општина Ѓорче Петров е локализиран и изгаснат, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во пожарот нема повредени лица, додаде тој.
Македонија
Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tiganj-mickoski.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска.
„Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.