Македонија
За три дена регистрирани се 80 нови случаи на коронавирус
Во последните 3 дена (од 14.10 до 16.10.2022) направени се 953 тест, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 60, Прилеп – 8, Куманово – 5, Битола, Тетово и Охрид – по 2, Македонски Брод – 1.
Од вкупниот број на позитивни (80), регистрирани се 18 реинфекции.
Регистриран e 118 оздравен пациент од: Скопје – 87, Битола – 5, Куманово, Велес и Охрид – по 4, Прилеп – 3, Тетово и Кавадарци – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Ресен, Берово, Кратово и Крушево – по 1
Во текот на изминатите 3 дена (14.10 – 18.10.2022) пријавени се две починати лица од Скопје(80г) и Гостивар(70г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Направени се 953 тест преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–40, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-15, Биотек-40, Систина-7, лабораторија Лаор-7, Синлаб-5, Ремедика-11, Плодност-6, Генеа-4, Никоб lаб-33, ВФВ Медикал-3, Ели mедика pлус-7, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб dијагностика–0, Рамус-11, ГМ Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 482.
Досега во земјата се направени вкупно 2.177.159 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161980, Активни 207
Куманово 18243, Активни 13
Битола 17965, Активни 16
Прилеп 15527, Активни 23
Тетово 14476, Активни 4
Кавадарци 12088, Активни 1
Велес 10809, Активни 4
Охрид 10319, Активни 7
Гостивар 10275, Активни 0
Струмица 8781, Активни 0
Штип 8762, Активни 4
Кичево 6075, Активни 1
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5172, Активни 1
Гевгелија 4882, Активни 0
Неготино 4147, Активни 1
Ресен 3031, Активни 1
Радовиш 2836, Активни 1
Свети Николе 2795, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1875, Активни 0
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1131, Активни 1
Богданци 1101, Активни 0
Крушево 1038, Активни 0
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 801, Активни 3
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

