Црна хроника
Приведен крадец од Гостиварско поради сомнение за три извршени кривични дела

На 17.10.2022, во 14.50 часот, во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 21-годишниот Е. Ф. од ова село поради сомнение дека деновиве извршил три тешки кражби во викенд-куќа и во два помошни објекта во Добридол.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен државјанин на Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Денеска во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари.
При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација. Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока.
Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 378 – „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен Грк на Табановце, во неговото возило пронајдена марихуана

Вчера околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 30-годишниот Г.К. од Република Грција.
При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки.
Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени тројца студенти од Турција во Скопје, нападнале и ограбиле таксист

Полицијата уапси тројца студенти од Турција за физички напад врз таксист.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројцата од Република Турција- студенти со регулиран привремен престој во земјава, поради сторено кривично дело „разбојништво“.
На 3 мај во 23.40 часот во СВР Скопје И.Р.К.(54) од Скопје пријави дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, физички го нападнале, а еден од нив му одзел мобилен телефон, по што избегале.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје преземаа соодветни мерки и активности и трите лица се пронајдени и лишени од слобода, а пронајден е и телефонот и вратен на сопственикот. Против О.А.Б., К.И. и Е.Х.Б. до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.237 ст.4 од КЗ.