Свет
Би-би-си денеска слави 100 години постоење
Глобалниот медиумски гигант, Британската радиодифузна корпорација (Би-би-си), денеска ја прославува својата 100-годишнина со поглед на славното минато, но и неизвесна иднина.
Би-би-си се етаблира како еден од највидливите и најпочитувани светски брендови во Британија со својата оригинална мисија да „информира, едуцира и забавува“.
Телевизиската компанија секоја недела допира до 492 милиона луѓе во светот, според годишниот извештај на корпорацијата за 2021/2022 година.
Светскиот сервис емитува на 41 јазик за речиси 364 милиони луѓе неделно во целиот свет.
„Веќе еден век Би-би-си беше светилник на веродостојни вести и програми во целиот свет, како и дел од структурата на Обединетото Кралство и една од нејзините клучни институции“, рече генералниот директор на Би-би-си, Тим Дејви, за оваа историска годишнина.
Речиси на седум милиони луѓе секој ден им почнува слушајќи ја програмата „Денес“ на „Би-би-си Радио 4“, која често ја поставува политичката агенда.
Strictly Come Dancing“, кој ги спојува познатите личности со професионални танчари во сала за бал, ги привлекува гледачите на екраните веќе 20 години и е најозборуваната програма на телевизија. Сериите, како Peaky Blinders, Fleabag и Killing Eve, се популарни во целиот свет.
Но, стогодишнината на Би-би-си доаѓа во неизвесно време, со драстично намалување на буџетот и промени во навиките за гледање поттикнати од дигиталната револуција, па се поставуваат прашања за неговата иднина.
Во јануари владата објави дека ќе ја замрзне ТВ-таксата на Би-би-си на две години. Годишната наплата за домаќинствата со телевизор сега е 159 фунти.
Претседателот на Би-би-си, Ричард Шарп, вети дека Би-би-си „ќе информира, едуцира и забавува уште еден век“.
„Би-би-си денес има сто години – време за славење, но и за прифаќање на иднината“, рече Шарп.
„Верувам дека најдобрите денови се пред нас. Секогаш иновираме, менувавме и се приспособуваме“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

