Македонија
„Нов АСНОМ“: Со одлуката за забрана на македонски клуб во Благоевград се рушат вредностите на ЕУ
Здружението на граѓани „Нов АСНОМ“ објави дека членовите на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ се состанале во Благоевград и го разгледале писмото добиено од Комисијата за заштита на дискриминација на Република Бугарија.
„Со тоа членовите на клубот демонстрираа храброст, непокор и слободоумие и ќе продолжат со собирање во просториите на клубот ‘Никола Вапцаров’ во Благоевград сè до негово затворање, ако воопшто тоа се случи“, велат од „Нов АСНОМ“.
Од тука образложија дека правото на здружување е фундаментално право втемелено во членот 2 од договорот на ЕУ и е едно од темелните вредности на Европската Унија.
„Со вчерашната одлука на Советот на Град Благоевград се рушат темелните вредности на Европската Унија. Еве го резултатот од потпишаниот договор за добрососедство со Република Бугарија, бугарски одлуки со кои се рушат темелните вредности на Европската Унија, која не реагира на нив“, велат од „Нов АСНОМ“.
Организацијата целосно го подржува клубот „Никола Вапцаров“ во неговите напори да Македонците од Бугарија се здружуваат во здруженија, а со забранетата организација „Македонски клуб за етничка толеранција“ од Благоевград презема конкретни чекори со кои ги промовира и брани европските темелни вредности.
Претходно, Советот на Општината Благоевград во Пиринска Македонија донесе решение да не се дозволи отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ затоа што, како што велат, тоа било антибугарска провокација. Образложението е дека Благоевград „нема да биде центар за слични пропагандни провокации и дека таму нема место за македонисти“.
Претседателот на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, Стојко Стојков, изјави дека е неразбирливо како Општина Благоевград носи одлука за забрана на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, а не ги информира основачите.
„Наместо да ги информираат подносителите на барањето, Македонското меѓународно движење за човекови права, основач на македонскиот културен клуб ‘Никола Вапцаров’, општинарите на Благоевград шират вести во медиумите. Така, Македонците во Бугарија преку македонските медиуми дознаваат дека Општина Благоевград е против клубот и против македонизмот. Луѓе во општината, кои, ако самите не се Македонци, тогаш секако имаат роднини и пријатели кои се со македонски идентитет и самосвест, од страв или злоба излегуваат со такви апсурдни ставови против еден културен клуб. За нив, провокација е клуб што носи обединувачко и смирувачко име на голем поет. За Бугарија, провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ. Жална работа“, напиша Стојков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

