Свет
Светските медиуми за колапсот на Лиз Трас: „Таа е жртвено јагне на неуспешната политика“
Светските медиуми реагираа на оставката на Лиз Трас, британската премиерка со најкраток мандат, во екот на хаотичната политичка и економска ситуација во земјата.
Уредникот на „Вашингтон пост“ понуди стратегија за Британија да „коригира по Трас“ тврдејќи дека нацијата „сè повеќе личи на изолирана островска држава на Атлантикот“ наместо како меѓународен играч. Тој тврди дека ториевците треба да се одлучат за некој како Риши Сунак за нов лидер за кој вели дека веројатно би бил „поцврста рака“ од Трас или од поранешниот премиер Борис Џонсон. Сунак загуби од Трас во премиерската трка минатиот месец.
„Партијата исто така треба да го реформира начинот на кој ги избира своите лидери. Тековниот процес ги овластува членовите на партијата што плаќаат такси и кои повеќе се приклонуваат кон популистичката десница од повеќето Британци“, се вели во извештајот.
Третиот чекор вклучува помош на САД и Европа за склучување нови трговски договори и „помек брегзит“.
„Британија треба да биде повеќе од извозник на кралски озборувања и мрачни политички вести“, пишува весникот.
Уредништвото на „Волстрит џурнал“ тврди дека дебаклот на Лиз Трас е поучен за американската внатрешна политика.
Со наслов „Предупредување од ториевците до републиканците во САД“ пишува дека Трас е „жртвено јагне за неуспешните политики за даноци и трошоци“.
Меѓународниот уреднички одбор на „Фајненшл тајмс“ пишува за „уништување на кредибилитетот на Обединетото Кралство“ и повикува на општи избори.
„Шестте кратки недели на Лиз Трас како премиер не само што ја уништија економската позиција на Обединетото Кралство туку и нејзината репутација за политичка стабилност“, пишува весникот.
„Никој, освен неколку илјади сопартијци, не гласаше за тоа“, се додава.
„Изгледите уште еден конзервативен премиер да биде избран без општи избори не само што го игнорира растечкиот демократски дефицит во ОК туку и недостигот на компетентност што ја покажа нивната лоша влада“, пишува весникот.
Весникот тврди дека следниот премиер треба да го задржи Џереми Хант како канцелар за да ја „поправи штетата“ од „финансиската рачна граната“, но продолжува: „Не треба да им се дозволи на конзервативците да продолжат без нов мандат од гласачите“.
Во Австралија, во пресрет на оставката на премиерката Трас, списанието The Australian објави дека ториевците го отвориле патот за лабуристичка влада.
„Како влијателна сила и клучен член на западната алијанса, Британија заслужува и има потреба од подобро. Економската и политичката нестабилност предизвикана од Трас и нејзината партија беше многу штетна. Тоа им даде на лабуристите пат до власт што тие ја немале многу години“, заклучува весникот.
Во Европа фијаското се најде на насловната страница на данскиот дневен весник Jyllands-Posten со наслов: „Од триумф до колапс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Објавени снимки од последните денови пред трагедијата поврзана со култ во Бугарија
Бугарската полиција и обвинителството денес презентираа детални информации за трагичниот случај со шест жртви во областа Петрохан – Околчица поврзани со култ.
Беше потврдена и образложена информацијата дека за мртвите мажи, пронајдени на 2 февруари кај хижата „Петрохан“, станува збор за самоубиство, а за телата пронајдени подоцна во кампер под врвот „Околчица“ – за убиство проследено со самоубиство, јави „Њуз.бг“.
На брифингот беа претставени снимки од шест камери, кои органите на прогонот ги споделија со медиумите. Станува збор за видеа од 31 јануари, 1 и 2 февруари 2026 година. Снимките се од надворешниот дел на панинарската куќа и приодот – од синџир во регионот, патот и крстосницата во близина, рампата, паркингот и задната порта на објектот.
Стана јасно дека дел од камерите снимале само при детектирано движење. На една од снимките се слушаат истрели во самата колиба, при што се гледа и пожарот во објектот. На 2 февруари веќе нема траги од луѓе и возила во периметарот на колибата.
На некои од снимките се гледа и секојдневието на ренџерите, како и пристигнувањето или заминувањето на џиповите што ги користеле. Кадрите прикажуваат и ритуал, во кој учесниците клекнуваат и се поклонуваат до земја, упатувајќи благодарности и молитви.
Регион
Вучиќ се сретна со Макрон: Разменивме мислења за улогата на Србија и Франција во новиот свет што се создава
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска, за време на посетата на Индија, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
„На другиот крај на светот, во Њу Делхи, со пријателот Емануел Макрон секогаш срдечно и во добро расположение, особено по исклучителната вечера што ни ја приредија љубезните домаќини“, напиша Вучиќ на Инстаграм и додаде:
„Иако немаше време за сериозни и тешки теми, искористивме неколку моменти да размениме мислења за самитот во Индија и за местото и улогата на Србија и Франција во новиот свет на чие создавање сме сведоци.“
View this post on Instagram
Во текот на денот, претседателот Вучиќ имал почесно место на вечерата во Њу Делхи што ја организирал индискиот премиер Нарендра Моди. На свечената вечера за светските лидери, Вучиќ седел покрај францускиот претседател Емануел Макрон.
Свет
(Видео) Невреме ја погоди Романија: 200.000 домаќинства без струја
Поради обилен снег и дожд што ја зафатија Романија, околу 200.000 домаќинства останале без електрична енергија, изјави министерот за енергетика Богдан Иван, пренесе Ројтерс.
Невремето предизвикало сериозни проблеми во сообраќајот, со блокирани автопати и државни патишта, како и доцнења на десетици возови. Во Букурешт, каде што снежната покривка достигнала 40 сантиметри, јавниот превоз се одвива отежнато. Поради паднати дрвја бил прекинат патниот и железничкиот сообраќај, а училиштата се затворени во повеќе градови.
Due to heavy snow last night, expect delays & cancellations at Bucharest OTP airport today, February 18. So far:
Dan Air 508 Dublin – Bucharest will land in Craiova
Qatar Airways 219 from Doha will land in Athens
TK has cancelled flights 1043/1044 IST-OTP-IST@flightradar24 pic.twitter.com/ccmAYpj7ZO— Aeronews (@AeronewsGlobal) February 18, 2026
Од погодените 200.000 домаќинства, снабдувањето со струја било обновено за околу 86.000, додека проблеми се регистрирани во 266 населени места.

