Спорт
Вестбрук шутираше 0/11 па изјави дека одиграл солидно
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Расел Вестбрук одигра меч за заборав во поразот од Клиперс (103:97).
Искусниот плејмејкер го заврши мечот без погоден шут од поле (0/11), што последен пат му се случи во 2016 година.
Сепак, Вестбрук не мисли дека стои одиграл лош натпревар.
„Бев солиден. Играв жестоко, тоа е се што можете да побарате“, изјави Вестбрук по мечот.
Натпреварот го заврши со два поени (двата од линијата за слободни фрлања), три скока, четири асистенции, пет украдени и една загубена топка.
Вестбрук во 2021 година се пресели во ЛА Лејкерс, но не успеа да се вклопи во тимот, кој го предводат Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Клубот се обиде да ги трејдува пред почетокот на сезоната, но ниту еден клуб не сакаша да земе играч чија плата за оваа сезона изнесува 47 милиони долари.
Russ says he played ‘solid’ tonight
(🎥 @LakersDailyCom) pic.twitter.com/V1QyhcWfPx
— NBACentral (@TheNBACentral) October 21, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Зверев го победи Надал – Кралот на Ролан Гарос елиминиран во првото коло
Рафаел Надал, освојувачот на 14 титули на Ролан Гарос, го заврши настапот на вториот грен слем во сезоната во првото коло. На „Филип Шатрие“, по три часа и пет минути игра Надал загуби од Александар Зверев со 3:6, 6:7, 3:6.
Зверев, четвртиот носител на турнирот, беше подобар од моментално 275. на АТП листата, Надал.
Уште по ждрепката беше јасно дека на Надал му претстои многу тешка работа. Тој доби пеколен ривал и не успеа да триумфира.
Зверев одлично го отвори мечот, го доби првиот гем со нула на сервис на Надал, а потоа го потврди брејкот – 2:0.
Во продолжение борбата беше изедначена, Надал во ниту еден момент не се доближи до брејк.
Од друга страна, Зверев се обиде неколку пати, но Надал успеваше да се извлече.
Сепак, константниот притисок на Зверев му се исплатеше, успеа да направи уште еден брејк во девттиот гем и поведе со 1:0 во сетови.
Во вториот сет Надал прв направи брејк, а птооа и го потврди за 4:2. Зверев не се предаде, во 10. гем при 4:5 успеа да го врати брејкот.
И двајцата беа сигурни во продолжението, па вториот сет беше решен со тај брејк, кој му припадна на германецот со 7:5.
Третиот сет беше можеби најинтересен. Надал беше сигурен на својот сервис, а потоа направи брејк (2:0).
Сепак, не успеа долго да ја заржи предноста, Зверев веднаш возврати во третиот гем, а потоа одлично сервираше за 2:2.
Петтиот гем траеше нешто повеќе од 15 минути. Зверев имаше четири брејк топки, но Шпанецот ги спаси сите и успеа да се извлече. Но тоа беше последниот гем во третиот сет што успеа да го освои. Зверев до крајот освои три гема, два на сервис на противникот и го заврши мечот.
„Еден специјален момент за мене да почувствувављобов од овие луѓе на местото кое најмногу сакам. Честитики до Саша за овој одличен меч, за оваа одлична победа. Ти сакам се најдобро понатаму на турнирот. Јас минав две тешки години поради повредите, успеав да се вратам овде, но за мене не заврши добро. Играв добро, но против ваков противник тоа не беше доволно. Не мпжам да тврдам дека нема да се вратам на Ролан Гарос. Се уште имам свои цели. Сакам на овој терен да се вратам на Олимписките игри“, рече Надал.
На трибините на „Филип Шатрије“ многу познати личности го следеа мечот Надал-Зверев. Меѓу другите тука беа Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкарас и Ига Швјонтек.
Djokovic is watching too 👀#rolandgarros pic.twitter.com/vcJAaWQIf9
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 27, 2024
— Out of Context Iga Świątek (@SwiatekOOC) May 27, 2024
Спорт
Партизан го продаде Салдања за 10 милиони евра во Фенербахче
Напаѓачот Матеус Салдања кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче. Како што информираат од „Спорт клуб“, Партизан ќе заработи околу десет милиони евра.
Заминувањето на Салдања за српските медиуми го потврди и тренерот н Партизан Алберт Наѓ кој најави големи промени во тимот за наредната сезона.
Инаку, Бразилецот оваа сезона имаше доста проблеми со повреди. Турскиот клуб сакаше да го ангажира во зимскиот преоден рок, но тогаш Партизан одби да го продаде.
Оваа сезона Салдања постигна 18 гола на 34 натпревари.
Кога ќе се реализира трансферот на Матеуш Салдања во турски Фенербахче, тој ќе стане третата најголема продажба во историјата на клубот од Хумска.
Прв на листата на највредни трансфери на Партизан и понатаму е Матеја Кежман, кој своевремено беше продаден на ПСВ Ајндховен за 14 милиони евра.
Вториот е Стефан Савиќ, кој за 12 милиони евра му беше продаден на Манчестер сити.
Спорт
Конте ќе стане тренер со најголема плата во Серија А
Во моментот кога ќе го потпише договорот со Наполи, италијанските медиуми пишуваат дека Антонио Конте ќе стане најплатениот тренер во Серија А. Иако не е објавена точната сума на неговата плата, овие извор шпекулираат со сума меѓу осум и девет милиони евра.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Конте ја добил понудата, додека „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“ тврдат дека треба да се решат само ситни детали пред двете страни да ја официјализираат соработката.
Наводно, единствено се уште непознато е дали Конте ќе потпише договор на три или две години, односно 3+1 или 2+1.
Најплатен тренер во Италија е Симоне Инзаги од Интер. Тренерот на актуелниот шампион Интер има годишна плата од 5,5 милиони евра.