Спорт
Реал Мадрид доби извинување од судиската организација
Реал Мадрид, во средата, победи во Елче со 3:0. На овој меч на играчите на „кралскиот клуб“, ВАР. им поништи уште три гола, еден на Карим Бензема и два на Давид Алаба.
Тема во Шпанија, по овој натпревар, беше еден од поништените голови. На никого не му е јасно зошто ВАР. го поништи голот на Алаба.
На оваа тема се огласија од Фудбалскиот сојуз на Шпанија, поточно Судискиот комитет и Судиската организација. Тие му се извинија на Реал Мадрид.
„Му се извинуваме на Реал Мадрид и на сите љубители на фудбалот. На ВАР-системот понекогаш му е навистина тешко да процени одредени ситуации. По долго разгледување и анализа, голот на Аалаба беше поништен по грешка”.
Инаку, од Судискиот комитет и судиската организација во Шпанија изјавија дека максимално ќе работат на ВАР-системот, за да не се случат слични грешки на следните натпревари.
Тие се свесни дека ВАР ги нервира сите што ја гледаат играта, но исто така забележуваат дека употребата на ВАР во голема мера го подобрила судењето на натпреварите и им е од голема помош на судиите.
La RFEF a envoyé une lettre aux dirigeants du Real Madrid afin de s'excuser car le but inscrit hier soir par David Alaba a été refusé à tort.
Ils ont confirmé que c'était une erreur de leur part et qu'ils allaient travailler pour empêcher que cela ne se reproduise en Liga.
(as) pic.twitter.com/p1V2SghZYv
— BeFootball (@_BeFootball) October 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Николов и Начески манипулирале со фитнес тестовите – ЕХФ ги суспендира од ЕП
Голем скандал го потресе ракометниот свет само неколку дена пред почетокот на Европското првенство. Во центарот на скандалот се македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Непосредно пред почетокот на Европското првенство, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги исзбриша Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, од списокот на судии.
Добро познатиот судиски пар, еден од најдобрите во светот, присутен на ракометните терени повеќе од една деценија, нема да дели правда на Европското првенство.
Се покажа дека Николов и Начевски мамеле на тестовите за физичка подготвеност. ЕХФ дозна дека двајцата ги манипулирале тестовите пред почетокот на натпреварувањето за да се најдат на списокот од кој сега се избришани.
Како што е наведено, ЕХФ ќе спроведе детална истрага. Тој факт нема да ја промени одлуката за „отстранување“ на дуото од списокот на судии за Европското првенство.
Николов и Начевски со години судеа на најголемите натпреварувања, имаа можност да судат некои од најважните натпревари – на пример, тие го судеа финалето на Олимписките игри, како и финалето на ЕП во 2020.
Оваа година, Европското првенство се игра во Данска, Шведска и Норвешка, а започнува на 15 јануари.
Фото/ архива, Топспорт
Спорт
(Видео) Судијата во преден план, Камерун оштетен против Мароко
Мароко го победи Камерун со 2:0 во петокот вечерта и се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации. Ден по натпреваротм најмногу се зборува за судијата Беид Дахане, кој сериозно го оштети Камерун. Интересно, тој не требаше да биде првиот судија на овој натпревар.
Головите за Мароко ги постигнаа Брахим Дијаз во 26-та минута и Исмаел Саибари во 74-та минута, но двете одлуки донесени од судијата во текот на овој натпревар, двете при резултат 1:0 за Мароко е она што се анализира во јавноста.
Дијаз е првиот играч кој постигнал гол во пет последователни натпревари на Африканскиот куп на нации од 1974 година, а Мароко е во полуфиналето за прв пат по 22 години. Во 2004 година, Мароко беше поразен во финалето од Тунис.
Но, да се вратиме на судијата…
Првата грешка ја направи во 64-та минута кога Билал Ел Канус беше поштеден од очигледен жолт картон кој за него ќе беше втори, односно исклучувачки.
По пет минути судијата повторно беше во центарот на вниманието, кога не досуди пенал за Камерун по стартот на Адам Масина врз Брајан Мбеумо.
Интересно е што судијата од Мавританија не беше ниту делегиран да го суди овој натпревар. Прв избор на CAF беше Амин Омар од Египет, но Мароко протестираше против оваа одлука и на крајот го доби она што го сакаше – промена на судијата за четвртфиналниот натпревар.
Foto/ EPA/JALAL MORCHIDI
Спорт
(Видео) Судија се повреди на НБА натпревар, го напушти теренот во инвалидска количка
Необичен настан го обележа натпреварот во НБА лигата, меѓу Орландо и Филаделфија. Искусниот судија Бил Кенеди се повреди и го напушти натпреварот во инвалидска количка.
Несреќата се случи кон крајот на првата четвртина, кога 59-годишниот судија следеше брз контранапад на Севентисксерс.
Во еден момент почна да куца, а потоа се повлече зад кошот на домашниот тим, каде што седна и побара медицинска помош.
Натпреварот беше веднаш прекинат, а медицинскиот тим, неколку минути, му укажуваше помош на еден од најпочитуваните судии во историјата на НБА.
Bill Kennedy suffered an injury and was wheeled off the court 😳 pic.twitter.com/232lH3qoIl
— BrickCenter (@BrickCenter_) January 10, 2026
Сепак, Кенеди не можеше да го продолжи натпреварот и го напушти теренот во инвалидска количка, додека дуелот продолжи, а преостанатиот дел од натпреварот го судеа Џејмс Вилијамс и Мајкл Смит.
Бил Кенеди ја дели правдата во најсилната кошаркарска лига во светот од 1995 година и досега учествувал во повеќе од 1.500 натпревари.
На крајот, Филаделфија победи во Орландо со резултат од 103:91.

