Црна хроника
Во камион од Грција што носел материјали за рудник пронајдени 10 мигранти

На 20.10.2022 во 14>55 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во товарно возило со грчки национални ознаки, со кое бил донесен материјал за рудникот „Саса“, биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои пет мажи и пет жени.
По преземени мерки било констатирано дека мигрантите без знаење на возачот се качиле во камионот.
Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ и мопед во Охрид: тешко повредена 50-годишна жена

Вчера во 12.40 часот, на крстосница од ул.„Галичица“ со ул.„8 Септември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки управувано од 21-годишната Е.М. од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(50) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Стружанец го запалил отпадот во својата нива, па предизвикал пожар и во околината

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч.)42) од Струга.
Tој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено на 20.04.2025 во негова нива на регионалниот пат Струга-Калишта го запалил отпадот, од кој настанал пожар кој се проширил на дрвена барака и на нискостеблеста вегетација.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.
Црна хроника
Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар

Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар.
Според информациите на МВР, вчера во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Кај него бил пронајден остриот предмет, а тој бил задржан во полицискa станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.