Спорт
Агентката на Халанд ветува: Тој ќе биде првиот фудбалер од милијарда евра
Рафаела Пимента, „наследничката“ на супер-агентот Мино Рајола, и застапничка на мега-ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд смета дека нејзиниот клиент ќе стане првиот фудбалер вреден милијарда евра.
Тимот на Пеп Гвардиола го доби потписот на Норвежанецот за само 51 милион фунти кои ги исплатија на Борусија Дортмунд и тој врати со 20 гола досега, станувајќи еден од најпопуларните фудбалери на планетата. Пимента смета дека тој ќе ги сруши сите граници кога се работи за фудбалски трансфери.
„Колку вреди? Една милијарда. Тоа го сметам така што ако ја земете предвид неговата фудбалска вредност, неговиот имиџ, неговиот потенцијал за спонзорство… Сигурно е една милијарда. Ако може да се споредува со некого, тогаш на денешниот пазар тоа би бил само Килијан Мбапе. Верувам дека Ерлинг ќе биде првиот фудбалер кој ќе оствари трансфер кој ќе биде блиску до милијарда евра“, вели Пимента за „Скај спортс Италија“.
Халанд имаше договор со Рајола пред неговата смрт во април, а сега е застапуван од бразилската адвокатка Пимента, како и сите други поранешни клиенти на Рајола, како Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ. Халанд, пак, има советник во неговиот татко, поранешниот фудбалер Алф-Инге.
Халанд има петгодишен договор со Сити, иако Алф-Ине изјави дека ќе остане во Англија „најмногу три или четири години“, пред да побара други предизвик. Според „Атлетик“ во договорот на Халанд има клаузула за раскин на договорот за 200 милиони евра која се активира од 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал го доби Тотенхем во градското дерби
Фудбалерите на Арсенал успешно ја продолжуваат трката за титулата во Премиер лигата. „Топџиите“, гостуваа кај најголемиот ривал Тотенхем и славеа драматична победа во дербито на северен Лондон.
Натпреварот на стадионот на Тотенхем заврши со резултат 2:3 (0:3).
Арсенал со оваа победа ја зголеми предноста на врвот на табелата на четири бода од второпласираниот Манчестер Сити, но шампионот на Англија има два натпревари помалку.
Се чинеше дека се е решено во дербито на северен Лондон по нешто повеќе од половина час игра кога гостите дојдоа до предност од три гола.
„Топчиите“ поведоа само една минута откако голот на Хаверц беше поништен поради офсајд. Се играше во 15. минута, корнерот го изведе Букајо Сака, а Данецот Пјер Емил Хајберг си постигна автогол.
Тотенхем одговори многу брзо, во 21. минута Ромеро најпрвин ја погоди стативата, а само минута подоцна Мики Ван де Вен ја затресе мрежата на Арсенал, но ВАР утврди дека младиот Холанѓанец бил во офсајд на почетокот на акцијата.
Домашните продолжија да напаѓаат, во 27. минута имаше гужва во шеснаесетникот на гостите, во првиот момент се чинеше дека Тотенхем може да добие пенал (Кулушевски падна), но Арсенал изведе брза контра која ја заврши Букајо Сака.
Само десет минути подоцна веќе беше 0:3. Деклан Рајс изведе уште еден корнер, овој пат од левата страна, а Каи Хаверц беше најснаодливиот играч во шеснаесетникот на Тотенхем.
Второто полувреме започна со отворена игра и шанси на двете страни, а домашните на крајот постигнаа гол во 64. минута по големата грешка на голманот на Арсенал, Давид Раја. Шпанецот буквално му ја подари повратната топка на Габриел на Кристијан Ромеро, а Аргентинецот без мака ја затресе мрежата на гостите.
Во 87. минута беше досуден пенал за Тотенхем, по фаулот на Деклан Рајс врз Бен Дејвис. Сон Хеунг-Мин ја зеде топката и буквално ја заби во мрежата.
Тотенхем се обиде да стигне до сензационално реми, но резултатот повеќе не се менуваше.
Тотенхем со овој пораз ги намали шансите во борбата за место кое води во Лигата на шампионите. Моментално се петти во поредокот со дури седум бода помалку од Астон Вила, иако имаат одиграно два натпревари помалку.
Спорт
Шпанија пред ЕУРО 2024 се соочува со казна од ФИФА и УЕФА
УЕФА внимателно ја набљудува ситуацијата во Фудбалскиот сојуз на Шпанија и би можела да реагира со исфрлање на шпанските клубови од нивните натпреварувања, објави „АС“ минатата недела. Ако политиката се вклучи во фудбалот, тоа може да биде казна за која ќе размислува највисокото фудбалско тело во Европа.
За потсетување, Барселона сака да го тужи националниот сојуз (РФЕФ) за она што го смета за неправда на Ел Класико. Барселона сака по судски пат да го реши спорот дали се оштетени во поразот од Реал Мадрид од 2:3. Спорен е голот на Јамал, односно дали топката по енгивот удар ја мина гол-линијата.
Освен овој случај, на УЕФА не и се допаѓа уште еден. РФЕФ се уште не избрала нов претседател, а поради корупцискиот скандал дел од кандидатите се суспендирани. Исто така, Луис Рубиалес, поранешниот претседател на РФЕФ, беше суспендиран од сите фудбалски должности на три години поради сексистичкиот скандал во финалето на Светското првенство за жени.
Ако УЕФА ја реализира заканата „АС“, тврди дека шпнските клубови нема да можат да учествуваат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и конференциската лига, а шпанската репрезентација на Европското првенство и Лигата на нации.
„Во последните години ФИФА ги казни Перу, ЧАД, Гватемала, Кенија, Тринидад и Тобаго и Зимбабве. Следна на ред би можела да биде Шпанија. Во Нион и Цирих беа шокирани кога се појави информација за можната казна. По состанокот во четвртокот сфатиле дека се случува нешто што досега не е забележано.
Двете организации сметаат дека претседателот на Врховниот совет за спорт на Шпанија, Родригез Урибес, прекршил се што е договорено и дека затоа мора да даде убедливо објаснување за своите постапки или Шпанија ќе почне да трпи последици за постапките на Врховниот советот. Овие последици се однесуваат на Евро 2024, Светско првенство 2026 и сите европски натпреварувања на шпанските клубови. Ова не е закана без покритие, сега е реалност“, пишува „Марка“.
Спорт
(Видео) Интер во историски натпревар со триумф над Торино го прослави Скудетото
Фудбалерите на Интер пред своите навивачи, со победа на Торино (2:0) на најдобар начин ја прославија 20. шампионска титула, која математички ја обезбедија минатата недела.
Натпреварот влезе во историјата на италијанскиот фудбал, бидејќи женска судиска тројка ја делеше правдата.
🏆❤️ Torino give a guard of honour to the Serie A champions Inter! Respect. 🇮🇹 pic.twitter.com/X2lancJRx5
— EuroFoot (@eurofootcom) April 28, 2024
Serie A makes 𝗛𝗜𝗦𝗧𝗢𝗥𝗬 with its first all-women refereeing team for the Inter vs Torino match! 👏
Maria Sole Ferrieri Caputi, Francesca Di Monte, and Tiziana Trasciatti leading the way ✨
📺 @tntsports & @discoveryplusuk pic.twitter.com/GnkVSLhSRa
— Football on TNT Sports (@footballontnt) April 28, 2024
Торино, против шампионот се држеше до 49. минута и исклучувањето на Тамезе.
Со играч повеќе на теренот, Хакан Чалханоглу ги постигна двата гола за својот тим, првиот во 56. минута на асистенција на Мхитарјан, а вториот во 60. минута од пенал.