Македонија
СДСМ: Хаосот во Скопје е поради шпицниот градоначалник Мицкоски

„Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неспособноста на неговата ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос во Скопје.
Наместо да се грижат за граѓаните и да ги реализираат ветувањата за кои ја добија довербата на локаните избори пред една година од ВМРО-ДПМНЕ се занимаваат со тендери, со рацете во медот, со контрола врз финасиите на градот Скопје.
За само една година успеаја да го зголемат долгот на ЈСП за еден милион евра, а вработените да ги остават без плата.
Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во историјата го остави Скопје без јавен превоз.
А, шпицниот Мицкоски лично најавуваше набавка на автобуси за Скопје, додека неговата бивша штитеничка градоначалничката Данела Арсовска ветуваше бесплатен јавен превоз.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат отчетност и одговорност за хаосот што го предизвикаа во ЈСП и во Град Скопје.
Скопјани наместо решенија и проекти со месеци гледаат јавни кавги и препукувања меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ за тоа чии раце се фатени во медот“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.