Свет
(Видео) Голема чистка во кинеската Комунистичка партија
Кинескиот премиер Ли Кечијанг и уште тројца членови на Постојаниот комитет на Политбирото, највисокото тело за креирање политики на владејачката Комунистичка партија, се исклучени од новоизбраниот Централен комитет. Над 2.000 делегати на партискиот конгрес во Пекинг, кој се одржува на секои пет години, го избраа Централниот комитет кој брои 205 членови и 171 заменик.
Ли Кечијанг (67), Ли Жаншу (72), Ванг Јанг (67) и Хан Женг (68), членови на седумчлениот Постојан комитет, беа исклучени од новиот Централен комитет. Според тамошните правила, Ли Жаншу и Хан Женг требало да бидат во пензија поради возраста.
【胡锦涛动作显示不自愿地被带离场】
【拒绝”被搀扶”、试图再坐下、拍打李克强手臂、习近平反应冷淡】
法新社画面显示,工作人员首先拿起了胡锦涛的眼镜,当尝试搀扶他时,胡锦涛右手缩回去,然后胡锦涛伸手拿习近平枱上的文件,工作人员即时制止。之后习近平头部转向相反方向,没有再理会胡锦涛。 pic.twitter.com/Y32PJyksP1— 自由亚洲电台 (@RFA_Chinese) October 22, 2022
Централниот комитет ќе се состане зад затворени врати на својот прв пленум или пленум в недела за да гласа за составот на новото Политбиро, кое вообичаено се состои од 25 членови и Постојаниот комитет.
Исклучени се и 64-годишниот Ји Ганг, гувернер на кинеската централна банка и 66-годишниот Гуо Шукинг, претседател на регулаторната агенција за банкарство и осигурување. Од новиот Централен комитет беше исклучен и вицепремиерот Лиу Хе (70), кинески економски експерт.
Си-Ен-Ен објави дека поранешниот генерален секретар на кинеската Комунистичка партија и претседател на Кина Ху Џинтао (79) бил изведен од Големата сала на народот за време на церемонијата на затворање на конгресот.
Ху седел на главната маса во Салата на народот, до наследникот Кси, кога му пришле двајца мажи. Тој разговарал со нив накратко и, според Си-Ен-Ен, првично се чинело дека одбива да замине. Не се познати околностите под кои Ху ја напушти салата.
Кинескиот претседател и генерален секретар Си Џинпинг во саботата го затвори 20. Конгрес на Комунистичката партија и се очекува да добие нов петгодишен мандат како лидер на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат формулата дискутирана во Женева за воспоставување мир и обезбедување безбедносни гаранции за Киев.
„Нашиот тим, заедно со претставници на САД, ќе се состане на крајот од оваа недела за да продолжи да ги приближува точките за кои се согласивме за време на преговорите во Женева, во форма што ќе нè води кон патот на мирот и безбедносните гаранции“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
Тој додаде дека украинската делегација „ќе биде добро подготвена и фокусирана на конкретна работа“. Зеленски, исто така, најави понатамошни разговори следната недела во кои ќе учествуваат двете делегации, како и самиот тој, но не даде детали.
„Следната недела ќе се одржат важни разговори, не само со нашата делегација, туку и со мене. Подготвуваме солидна основа за овие разговори. Украина цврсто ќе стои на свои нозе. Секогаш ќе стои“, нагласи тој.
Свет
Германија мора да плати 82.000 евра на семејството на италијански војник од Втората светска војна
Граѓански суд во Рим ѝ наложи на Германија да плати 82.000 евра финансиска отштета на семејството на италијански војник повеќе од 80 години по завршувањето на Втората светска војна.
Судот пресуди дека неговото повеќемесечно затворање во концентрациони логори во Германија и Австрија претставува воено злосторство и злосторство против човештвото, објави денес италијанската новинска агенција АНСА.
Човекот поминал повеќе од 600 дена во заробеништво по потпишувањето на примирјето меѓу Италија и сојузниците во септември 1943 година. Во тој период, стотици илјади италијански војници биле заробени.
На север, фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини останал на чело сè до непосредно пред крајот на војната во 1945 година.
Според адвокатот на семејството, војникот никогаш не се опоравил од заробеништвото. Човекот извршил самоубиство во 1982 година.
Свет
Франција ќе ја врати доброволната воена служба поради „забрзани закани“
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска објави воведување на доброволна воена служба за млади луѓе, која треба да започне до средината на 2026 година, што ќе ѝ помогне на Франција да одговори на „забрзаните закани“ на глобалната сцена.
Овој потег е дел од поширока промена низ Европа, каде што земјите кои долго време уживаат во мир со децении благодарение на безбедносните гаранции на САД, се загрижени за променетите приоритети на претседателот Доналд Трамп и агресивниот став на Русија.
„Франција не може да стои настрана“, рече Макрон за време на посетата на 27-та планинска пешадиска бригада во Варсес, во француските Алпи. Тој додаде дека доброволната програма ќе биде отворена за лица на возраст од 18 и 19 години, кои ќе бидат платени, и ќе трае 10 месеци. Тоа би чинело 2 милијарди евра, што тој го нарече „важен и неопходен напор“.
Програмата предвидува регрутирање на 3.000 луѓе до 2026 година, кои би служеле само на француска почва, а бројот би се зголемил на 10.000 до 2030 година. „Мојата амбиција е да стигнам до 50.000 млади луѓе до 2036 година, во зависност од еволуирачките закани“, рече Макрон.
„По програмата, учесниците би можеле да се интегрираат во цивилниот живот, да станат резервисти или да останат во вооружените сили“, рече тој.
Најавата на Макрон ја доведува Франција во линија со речиси десетина други европски земји како што се Германија и Данска кои започнаа слични проекти.
Макрон рече дека укинувањето на задолжителната воена служба спроведено од поранешниот претседател Жак Ширак во 1996 година било исправно, но дека регрутацијата нема смисла за сегашните потреби на Франција.
Фото: ЕПА

