Црна хроника
Украинци вршеле нелегален ископ на археолошкиот локалитет „Исар“
Вчера на археолошкиот локалитет „Исар“ кај селото Марвинци, валандовско, полициски службеници ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје.
„Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети. Исто така, при преглед во патничките возила „тојота“ и „хјундаи“ со украински национални ознаки, со кои пристигнале на местото, бил пронајден детектор“, соопшти МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мигранти од Турција и Ирак најдени на автопат кај Неготино
Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.
Црна хроника
71-годишен пензиониран кувар кој работел за дневница на прослава е загинатиот во лифт
Седумдесет и едногодишниот В.П. од Штип е починатиот кој вчера настрада во несреќа со лифт. Според неофицијалните информации кои ги пренесоа дел од медиумите, тој бил пензиониран кувар кој работел за дневница и непријавен на прослава во хотелот во кој се случила трагедијата. Во лифтот се носела храна, а кога се случила несреќата заедно со В.П бил и Т.О. (56) од Штип. Тој е тешко повреден,а работел како келнер на истата прославата.
Од МВР денеска информираат дека во 16:24 часот во штипската полиција е пријавено дека во хотел, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип.
„Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор“, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица
Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.
„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил ‘БМВ’ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила ‘голф’ и ‘мерцедес’, двете со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.