Спорт
Саинс на пол-позицијата во Остин
Возачот на Ферари, Карлос Саинс ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Тексас. Во Остин, Шпанецот стигна до третата пол-позиција во кариерата.
Ферари доминираше претходно и на слободните тренинзи. Второто место му припадна на Шарл Леклер.
Макс Ферастапен заврши како трет, пред тимскиот колега Серхи Перез. Следуваат возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Топ 10 ги заокружуваат Ленс Строл во Астон Мартин, Ландо Норис во Мекларен, Валтери Ботас во Алфа Ромео, додека Александар Албон во Вилијамс и Пјер Гасли во Алфа Таури се префрлија на деветтата и десеттата стартна позиција поради казни за Леклер, но и Фернандо Алонсо, кој го постави деветтото време во Алпин, но беше казнет со пет места поради промена на компонентата на погонската единица.
Поместувања во стсртниот поредок ќе има и кај Шарл Леклер и Серхио Перез. Леклер ќе стартува како 12., а Мексиканецот од осмото место. Ова значи дека покрај Саинс, во привот ред ќе биде Ферстапен, а од вториот ред ќе стартуваат возачите на Мерцедес.
Трката за Големата награда на САД се вози во недела со почеток во 21:00 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз преку Синер до титулата во Пекинг
Карлос Алкараз ја освои титулата на турнирот во Пекинг. Во финалето, по три часа и 21 минута, Шпанецот го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 6:7, 6:4, 7:6. Од понеделник Алкараз повотно ќе биде втор на АТП листата.
Алакраз трет пат сезонава го победи светскиот рекет број еден и стигна до својата четврта титула сезонава. Во меѓусебниот скор Алкараз сега води со 6:4.
Шпанецот пред Пекинг победи во Индијан Велс, Ролан Гарос и Вимблдон.
Изглучително квалитетен и незивесен меч одиграа Синер и Алкараз. Шпанецот подобро влезе во мечот, во првиот сет имеше предност од 5:2, меч топка на 6:5, а потоа уште две во тај-брејкот, а откако не ги искористи шансите, сетот му припадна на Синер.
Шпанецот успеа да изедначи откако во вториот сет успеа да направи брејк во деветтиот гем.
Драмата кулминираше во третиот сет, Алакраз направи брејк дојде до 3:1, имаше уште две брејк топки, аоткако не ги искористи Синер намали на 3:2, а птооа во следниот гем го врати брејкот.
Тај-брејкот заочна со три поени на Синер, но одговорот на Алкараз беше брутален, до крајот ги освои сите поени и дојде до трофејот.
Спорт
Милевски: Македонија се прашува за изгледот на табелата во групата
Извор/ ffm.mk
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните два натпревари против Летонија и Ерменија на гостински терен во Лигаta на Нации. На списокот од 25 фудбалери, дебитант е дефанзивниот фудбалер на словачка Жилина, Андреј Стојчевски.
„Што се однесува до списокот, за жал повторно имаме некои повреди на фудбалери кои беа непланирани. Трапановски нема да игра поради повреда на тренинг. Ќе мора да паузира четири до шест седмици. Се надевам дека Трајковски ќе биде подготвен и ќе ни биде на располагање. За жал, Дарко Велковски нема клуб и жалам што не е во посакуваната форма. Не сум задоволен од статусот на Елези во тимот на Бохум. Тој е професионалец и ќе даде сè од себе да се наметне во клубот. Потребен ни е таков играч, беше со нас на минатите собири и се разбира дека сметаме на него во иднина“, рече Милевски и поота образложи зошто во националниот тим е повикан Стојчевски.
„Имаме проблеми со дефанзивата, особено со жолти картони и поради тоа е повикан Стојчевски за да биде дел од ротацијата. Останатите се надевам дека ќе бидат здрави пред се, а потоа и способни да се стават во функција на тимот. Во моментов ми е најважно здравјето на фудбалерите. Не можеме да зборуваме за натпреварувачка форма, тимот го градиме веќе три години и не сме во позиција да го менуваме секој собир. Тие фудбалери кои се повикани се најдобри во моментот, без разлика за формата. Секогаш се тука за Македонија и тоа е најважно“.
Во овој циклус Македонија ќе гостува кај Летонија на 10.октомви и кај Ерменија три дена подоцна.
„Нè очекуваат уште четири меча, секој од нив е подеднакво важен. Сега играме на гости со Летонија и Ерменија. Ме радува фактот и се надевам така ќе остане, дека сè зависи од нас. Македонија се прашува за изгледот на табелата во оваа Лига на нации. Ќе бидеме задоволни ако и по овој собир бидеме на првото место, каде што сме сега“.
По првите две кола Македонија е водечка во групата со четири бода пред Ерменија и Летонија кои имаат по три.
Спорт
Максимовиќ воодушеви против Интер – влезе во историјата на Црвена звезда
Црвена звезда доживеа тежок пораз во Милано од Интер (4:0), во второто коло во Лигата на шампионите. Светла точка беше Андрија Максимовиќ, кој ги воодушеви италијанските новинари. Според водечките италијански медиуми, тој бил најдобриот играч на српскиот шампион.
Андрија Максимовиќ е роден во 2007 година, синоќа дебитираше во Лигата на шампионите. Со 17 години, три месеци и 26 дена стана најмладиот српски играч кој дебитирал во Лигата на шампионите.
Исто така тој е четвртиот најмлад фудбалер во тековната сезона во Лигата на шампионите.
Помлади од него се само Ајуб Буади од Лил со 16 години, 11 месеци и 15 дена и фудбалерите на Барселона Ламин Јамал со 17 години, два месеци и шест дена и Андрес Куенка со 17 години, три месеци и 20 дена.
Максимовиќ минатата недела го продолжи договорот со Црвена звезда до 2027 година.