Црна хроника
Каменуван автобус на ЈСП во Ченто, двајца повредени

Две лица се повредени во инцидент во скопската населба Ченто, кога три до четири непознати лица во петок вечер околу 20 часот го каменувале автобусот на ЈСП Скопје што сообраќал кон Стајковци.
Еден од камењата ја погодил во глава патничката С.А.(1981) од Скопје, која стоела непосредно пред скршеното стакло, а парчиња од скршеното стакло го повредиле и полицаецот И.М. кој бил на службена должност и го обезбедувал автобусот.
Веднаш по настанот возачот го запрел автобусот, а напаѓачите се разбегале зад зградата лоцирана на улица Антон Попов.
Повредените по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.