Спорт
Тен Хаг сака да види дали Роналдо ќе се покае, за да го врати во тимот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, денеска ќе разговара со Кристијано Роналдо во базата на клубот во Карингтон. Според медиумите на Островот, Холанѓанецот по средбата ќе одлучи дали ќе го врати Португалецот во првиот тим.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше исфрлен од сениорскиот тим и казнет со двонеделна плата откако предвреме го напушти теренот на натпреварот против Тотенхем, на кој одби да влезе како замена во финишот.
Во денешниот разговор, Тен Хег сака да види дека Роналдо покажува вистинско каење за да му дозволи да се врати на тимските тренинзи.
Иако менаџерот за медиумите изјави дека Роналдо ќе остане до крајот на сезоната и дека ќе продолжи да се потпира на него, Холанѓанецот веќе им најавил на клупските шефови дека е подготвен да го пушти Португалецот да си замине уште во јануари доколку некој клуб покаже интерес за него.
Големи се шансите Чесзи да биде следната станица на CR7. Новиот сопственик на лондончани, Тод Боели се уште не се откажал од оваа идеја. Покрај тоа, Американецот е во блиски односи со Жорге Мендеш, кој е агент на Роналдо. Тоа исто така може значително да го олесни процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Германија среде Евробаскетот остана без селектор

Многу тимови на тековниот Евробаскет имаат проблеми со повредени и болни играчи, а германската репрезентација има проблеми со селекторот.
Алекс Мумбру беше хоспитализиран поради инфекција непосредно пред почетокот на турнирот и се мачеше многу за време на групната фаза во Тампере.
„Панцерите“ го презеде неговиот помошник Алан Ибрахимагиќ, кој ќе биде на чело на еден од главните фаворити за златото во продолжението на Европското првенство.
Мумбру едноставно не можеше целосно да се посвети на кошарката, а Германската кошаркарска асоцијација го објави ова на своите официјални мрежи.
„Во текот на изминатите неколку дена сфатив дека не сум физички подготвен да го водам тимот од клупата за време на натпреварите. Решив да ги прилагодам улогите во тренерскиот штаб и Алан да ја преземе одговорноста на главен тренер за време на натпреварите. Јас сè уште ќе бидам на клупата, ќе го поддржувам тимот и ќе продолжиме тесно да соработуваме. Верувам дека ова е најдобриот начин да му помогнам на тимот да постигне успех“, рече Мумбру.
Германија ќе игра против Словенија во четвртфиналето на Евробаскетот во среда од 20 часот.
Спорт
Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.
За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.
„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.
Спорт
ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.
За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.
Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.
Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.
А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.
Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.
Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.
Foto/ EPA