Македонија
(Видео) Кичевски: ВМРО-ДПМНЕ е виновна за хаосот во Скопје и во јавните претпријатија
ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски создадоа хаос во Град Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот, истакна Васко Кичевски, претседател на Градска организација на СДСМ.
Прв пат во историјата се случува Скопје да остане без јавен превоз, оценува тој и да не може да функционираат основните услуги за скопјани.
„Целосно нефункционални јавни претпријатија, нема проекти, нема инвестиции, нема развој на градот. Само има раце во мед за тендери, кавги за влијание и провизии. Ништо друго. Со еден збор на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ повторно му се случува катастрофа. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да побегне од одговорноста. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка се виновни за ситуацијата во која се наоѓа градот“, дополни Кичевски.
Според него, не може ВМРО-ДПМНЕ да се иземе од одговорност кога највисок орган на управување се Управните одбори а тие сите до еден се членови на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите УО во ЈП се назначени од советот на Град Скопје а таму ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството. Неспособноста на раководењето во ЈП е резултат исклучиво на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните на Скопје. Бараме посебна седница на Советот за да се разгледа состојбата во сите јавни претпријатија, да не се случи целосен колапс на градот. ВМРО-ДПМНЕ да не бега од одговорноста“, рече Кичевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

