Економија
(Видео) Димковски: Со навремени мерки во земјоделството го зголемуваме домашното производство на храна
Според Трајан Димковски, член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со конкретни мерки го поттикнуваат домашното земјоделско производство.
Во време на светска економска криза, каде секојдневно расте цената на храна и репроматеријали на светските пазари, преземаме конкретни чекори за надминување на последиците, оценува тој.
„Преку Интервентниот фонд ги помагаме производителите на житни култури, како стратешки култури, за набавката на вештачко ѓубриво. Досега за оваа финасиска поддршка исплатени се 112,9 милиони денари, а оваа мерка ја искористиле 6.815 корисници. За поголемо домашно производство, секоја педа земјоделско земјиште го ставаме во функција, досега распределени се 13.000 хектари државно земјиште а на најголем дел од нив се одгледуваат житни култури. Истовремено, покрај основниот буџет, дополнителни 52 милиони евра се наменети како помош за околу 45.000 земјоделци“, додаде Димковски.
Воведуваме, како што појасни, нов модел на субвенционирање со цел поддршката за земјоделците да стане уште поефикасна и уште понавремена.
Досегашниот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство, нагласи тој, заминува во историјата.
„Преку новиот поефикасен систем на субвенции, земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство и за првпат воведуваме авансно исплаќање на субвенциите. Земјоделците преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството би добивале основна субвенција која би се исплаќала авансно, а ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба, а можност за авансна исплата на дел од основните субвенции се предвидува и кај сточарството“, дополни тој.
Дополнителната субвенција, како што најави, ќе следува за стратешки утврдените култури и производи и таа ќе биде врзана со остварен принос.
Во време на најголема светска економска криза, како одговорна партија, според него, владата ќе продолжи со силна и навремена поддршка за земјоделците и со политики кои гарантираат зголемено домашно производство.
„Граѓаните да бидат спокојни, храна ќе има доволно во претстојниот период“, уверува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.