Спорт
ПСЖ ги демантира лудите суми кои го добива Мбапе, најавува тужба
Пари Сен-Жермен демантира дека финансиските детали околу договорот на Килијан Мбапе кои ги објави весникот „Ле паризиен“ се вистинити и најави тужба против „злонамерните“ шпекулации.
„Ле паризиен“ тврдеше дека Мбапе ќе заработи зачудувачки 630 милиони евра од францускиот клуб со новиот договор кој го потпиша во мај со неверојатнаа годишна плата и бонуси, откако тој одби да премине во Реал Мадрид. Според нивните извори, Мбапе заработува 72 милиони евра годишна плата, со бонус од 180 милиони евра за потписот, суми со кои се надминуваат парите кои неговиот сегашен соиграч, Лионел Меси ги заработуваше од 2012 до 2021 година.
„ПСЖ потврдува дека приказната е целосно погрешна, со ниту еден точен детал. Тајмингот на спорниот извештај од овој медиум исто така е изненадувачки, бидејќи доаѓа пред важен меч во Лигата на шампиони“, се вели во соопштението на клубот и се додава дека ги разгледуваат своите легални опции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кристал Палс го згази Манчестер јунајтед
Фудбалерите на Кристал Палас го декласираа Манчестер јунајтед со 4:0, во последниот натпревар од 36. коло на Премиер лигата. удбалерите на Кристал Палас ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари во Премиер лигата.
Од првата минута забележливо беше дека играчите на Манчестер јунајтед не се „во натпреварот“. Како изгледаа на теренот можат да бида задоволни со поразот од 4:0.
Дебаклот го најави Мајкл Олисе во 12.минута. .
Истиот играч десет минути подоцна имаше уште две убави шанси, а во 40. Жан Филип Матета ја удвои предноста на домашните.
На почетокот на вториот му беше поништен гол на Јунајтед, а потоа започнаа да се редат шансите пред голот на Андре Онана.
Еберечи Езе, Тајрик Мичел и Вил Хјуз, не успеаја да реализираат, но во 58. минута споменатиот Мичел зголеми на 3:0.
Точка поразот на Јунајтед стави играчот кој ја започна серијата, Мајкл Олисе во 66. минута. До крајот на мечот Одсон Едуард ја погоди стативата.
Палас е 14. на табелата со 43 бодови, додека Јунајтед е осми со 54 бодови, исто колку и седмопласираниот Челзи.
Јунајтед во следното коло ќе го пречека Арсенал, додека Палас ќе гостува кај Вулверхемптон.
Спорт
Бјелица доби отказ
Фудбалскиот клуб Унион Берлин соопшти дека му ја врачил оставката на хрватскиот тренер Ненад Бјелица по серијата лоши резултати во Бундес лигата.
Челниците на Унион решија да го заменат Бјелица по поразот од Бохум (3:4) во 32. коло од Бундес лигата.
Хрватскиот тренер го презеде тимот од Берлин во ноември минатата година, откако беше отпуштен oд Урс Фишер.
Унион Берлин моментално е на 15. место на табелата во германскиот шампионат со 30 бодови.
Во соопштението на клубот се наведува дека тимот до крајот на сезоната ќе го води Марко Гроте.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и убеден сум дека ќе успееме да избегнеме испаѓање од Бундеслигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека сме способни за опстанок“, изјави Гроте, а пренесува официјалниот сајт на клубот.
До крајот на сезоната во Бундеслигата, Унион следната сабота му гостува на Келн, а потоа на 18 мај на домашен терен го пречекува Фрајбург.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.