Македонија
Орден „Јарослав Мудриот“ за претседателот на Собрание, Талат Џафери
Во рамките на Првиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа којшто се одржува во Загреб, претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук, му додели на претседателот на Собранието Талат Џафери, орден „Јарослав Мудриот“.
Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, за значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.
Покрај претседателот Џафери, овој Орден за заслуги го добија и следниве претседатели на Парламенти:
БАС- Претседател на Бундестагот на Сојузна Република Германија;
ВИТЕК – Маршал на Сејмот на Република Полска;
ГАРАХАНИ – Претседател на Стортингот (Парламентот) на Кралството Норвешка;
ХРОЏКИ – Маршал на Сенатот на Република Полска;
ИРЕАН- Претседател на Сенатот на Парламентот на Ирска;
КЕЛИН- Претседател на Националниот совет на Федералното собрание на Швајцарската Конфедерација;
ЛАРШЕ – Претседател на Сенатот на Француската Република;
МУРНИЕСЕ – Претседател на Саeима (Парламентот) на Република Латвија;
ПЕЛОСИ – Претседател на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави;
РАТАС – Претседател на Риигикогу (Парламентот) на Република Естонија;
ЧМИЛИТЈЕ-НИЕЛСЕН – Претседател на Сеимас (Парламентот) на Република Литванија;
ЈАНДРОКОВИЌ – Претседател на Саборот (Парламентот) на Република Хрватска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

