Македонија
Ковачевски нема да присуствува на отворањето на македонскиот културен центар во Благоевград

Премиерот Димитар Ковачевски нема да присуствува на отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
Тој смета дека отворањето на културни центри какви што се бугарските во Битола и Охрид, како и македонските во Софија и наскоро во Благоевград, ќе придонесат за зближување помеѓу граѓаните од двете земји.
„В недела јас ќе бидам во Скопје, но ние во Министерството за култура и во Владата веќе ја подготвуваме документацијата за отворање македонски културен центар во Благоевград. Ќе се испрати барањето до Софија каде што веќе имаме отворено македонски културен центар. Верувам дека отворањето културни центри помеѓу државите се начин на зближување помеѓу граѓаните, државите и институциите. Сметам дека сите оние кои имаат можност треба да присуствуваат на отворање на такви настани, особено оние од Благоевград и од македонските погранични места. Мислам дека тоа ги зближува граѓаните“, рече Ковачевски.
Премиерот повика да се внимава на чувствата на граѓаните при отворањето на овие културни центри, пред сè мислејќи на она што се случуваше кај нас во Битола и во Охрид.
„При отворањето на вакви културни центри да се внимава за чувствата на граѓаните, тука пред сè мислам на она што се случуваше кај нас во државата и на тој начин тие да не станат место на раздор туку место на зближување на граѓаните од соседните држави. Такви беа и нашите реакции во однос на одредени провокации од нашиот источен сосед каде што и јас лично бев нападнат од луѓе кои не знам кои се„ – додаде премиерот.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.