Македонија
Муцунски: Започнува градежната офанзива во населба Лисиче

Започнува градежната офанзива во населба Лисиче, најавија од Општина Аеродром.
„Денеска во Населба Лисиче започнува голема градежна офанзива на општината која опфаќа проекти во уличната инфраструктура, спортската и забавни објекти.
Но, оваа офанзива значи и забрзување на постапката за изведба на спортскиот центар „Пирин“ и изградба на нова детска градинка. Уште откако ја презедовме локалната власт се заложивме за рамномерен локален развој и инвестиции во секое населено место, па затоа до крајот на мандатот подеднакво ќе се посветиме на секој дел од Општина Аеродром“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општината Тимчо Муцунски.
„Во рамки на тековните есенски инвестициски активности, населбата Лисиче добива ново современо игралиште за фудбал и кошарка веднаш зад трговскиот центар и непосредно до спортскиот центар ‘Пирин’, а наскоро започнува конструкцијата на ново катче за најмладите, но и целосното асфалтирање на две улици во вкупна должина од над два километри.
Градиме поубав Аеродром со нови инфраструктури објекти. Актуелната градежна офанзива подразбира инвестиции во проекти кои се наменети за сите возрасни групи, но и инвестиции во подобрување на условите за живот и спорт во општината Аеродром. Ова се проекти чии бенефити ќе ги почувствуваат сите жители на општината и инвестиции кои ја покажуваат грижата на општината за развојот, но и подобар и поубав Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Кандидатите на СДС не се реформирани туку рециклирани, Филипче пак покажа дека заевизмот е наративот по кој ја води партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново. Со месеци наназад зборуваа за некоја реформација и за нови лица. Кои се и каде се тие нови лица“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче откако ја презема партијата се обидува да наметне некој наратив за реформирање, а сега во прва прилика кога треба да го оправда тоа што го зборуваше, тој повторно нуди имиња на познати стари ликови. Или по логиката на СДС овие ликови би биле нереформирани.
Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДС. Кандидатите кои СДС ги нуди за претстојните локални избори не се ништо друго освен жив доказ дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата.
Изборот на кандидати е најјасната порака што една партија ја испраќа до граѓаните. СДС во овој случај испраќа порака дека прво не е реформирана партија, што значи дека повторно ги лаже граѓаните. И второ, дека овие кадри се истите оние од претходно, кадри кои се познати низ општините по скандали и уништен углед.
Кандидатите на Филипче, или на тандемот Филипче-Заев се луѓе кои ги претстаавуваат најлошите практики на локално ниво. Од нив не се очекува никаков развој, ниту пак може да има некаков бенефит за граѓаните. Од нив се очекува послушност.
За какви интелектуалци зборуваше Филипче? За интелектуалци врзани за СДС како приврзоци базирани на лична лојалност наместо компетентост, или интелектуалци кои ќе ги користат институциите за партиски цели.
СДС само покажува дека ја продолжува истата политика што граѓаните одамна ја отфрлија.
А тоа што Филипче сега е играч во кампањата, Филипче кој е симбол на здравствениот хаос и сомнителните тендери, тоа само покажува дека СДС не се реформира туку се рециклира.
Со вакви луѓе, СДС не тргнува на избори, тргнува во уште еден директен, сигурен пораз. Граѓаните веќе ги препознаваат ваквите структури на СДС, криминални мрежи маскирани во социјалдемократи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„40 милиони евра изгубени – дебакл на Европската агенда на сите фронтови“, велат од ДУИ

„Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент поминува веста дека државата изгуби речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија. Овие средства не беа симболични. Тие беа наменети за поддршка на реформите што директно влијаат врз економијата, енергетиката, образованието и стандардот на граѓаните“, велат од ДУИ.
„Но, неспособноста, некоординираноста и институционалниот хаос станаа пречка дури и за повлекување на веќе одобрени фондови. Министерството за енергетика доби негативна оценка од Брисел за реформите што требаше да ги спроведе до декември 2024 година, со што државата остана без 2,1 милион евра.
Истото министерство не ги исполни ниту обврските за јуни 2025 година, со што се изгубија уште најмалку 10 милиони.
Министерството за финансии, пак, со ист таков неуспех, го загуби најголемиот дел од очекуваните 4,2 милиони евра. Три министерства, три сериозни институции, и ниту едно чувство на итност, одговорност. Северна Македонија требаше да добие 17 милиони евра за реформите до декември и уште 70 милиони за обврските до јуни. Наместо тоа, добивме празна реформска каса, изгубен кредибилитет и понижување пред европските партнери. Во време кога регионот напредува, нашата држава сама си поставува сопки, блокирајќи го патот не само кон ЕУ, туку и кон нормалноста.
Ова е дебакл на портфолиото на Министерството за европски прашања, во чија надлежност е следење, координација, контрола, подготвеност и одржување на капацитетите за апсорпцијата на странската помош, особено таа од ЕУ
Ова е модел на владеење кој произведува застој, несигурност и економска штета. Владата не ја изгуби само довербата на Брисел, таа ја губи и довербата на сопствените граѓани.
Никој не може да зборува за развој и просперитет, додека паралелно го блокира пристапот до фондови што се заслужени, не подарени.
ДУИ бара итна објаснување: кој е одговорен за оваа загуба и што ќе преземе Владата за да спречи нова катастрофа.
Зашто држава која не знае да ги искористи шансите, нема право да се жали на пречките. И додека граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци, инфлација и институционален хаос, Владата дозволува 40 милиони евра да испарат без глас, без реакција. Тоа не е реформа. Тоа е саморазорување“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.