Македонија
Ѓорѓиевски: Покажувањето сила кај мене не поминува, знакот „Ја сакам Кисела Вода“ ќе биде повторно вратен
„Покажувањето сила кај мене не поминува, знакот ‘Ја сакам Кисела Вода’ ќе биде повторно вратен! Никогаш не сум бил човек што бара расправии и учествува во конфликти и подолго време бев воздржан во врска со случувањата што денес ескалираа и ги вознемирија нашите жители. За жал, малодушноста и незрелоста на поединци резултираа со тоа да бидам принуден да влезам во одреден конфликт со луѓе што во отсуство на проекти и визија, а полни со гнев и желба за ситен политички реваншизам, се трудат по секоја цена да ја изиграат волјата на моите сограѓани“. Ова, меѓу другото, го напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој упати јасна порака дека е „човек што својот легитимитет го црпи директно од граѓаните и кај кого не поминуваат притисоци и вакви малодушни потези“.
„Целата иницијатива за поставување на светлосната табла ‘Ја сакам Кисела Вода’, по урнекот на неколку европски градови и општини, потекна од жителите на општината, кои за ова непосредно ме информираа. Почитувајќи ја нивната волја, пред пет месеци испративме барање до Град Скопје за што добиме усно одобрување, но на писмено, до ден-денешен, немаме буквално никаков одговор, што, според законот, значи премолчено одобрување. Токму затоа дозволивме нашата општина да биде разубавена со оваа табла, која целосно е финансирана од граѓаните.
Ова утро, едно од човечињата во Градот (генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров), наместо да се јави и да се заинтересира до каде е остварувањето на ветената меѓуопштинска соработка и договор за асфалтирање на улиците во Усје, наместо да информира зошто нема ниту милиметар напредок во градбата на Усјанскиот Канал, чија реализација беше аминувана на Советот на Град Скопје, но закочена од Арсовска, да пројави интерес да се запознае макар и со еден стопанственик во индустриската зона Пинтија (преговори што треба да ги реши Градот, а ги посредуваме ние како Општина Кисела Вода бидејќи од страна на Град Скопје нема кој да се сретне со овие лица) бидејќи поради тоа нема ниту една експропријација неопходна за проширувањето на булеварот Борис Трајковски, наместо да даде одговор зошто во изминатите неколку недели прави опструкции за реализирање проекти во општина Кисела Вода под ингеренции на Градот или јавните претпријатија во негова надлежност, тој се занимава со рушење на светлосна реклама платена од нашите жители“, пишува Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

