Македонија
Регистрирани се 37 новозаразени со коронавирус, нема починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 649 тестови, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 27, Штип – 2, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Делчево, Берово и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (37), регистрирани се 11 реинфекции.
Регистрирани сe 33 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Прилеп и Кавадарци – по 3, Охрид – 2.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, нема регистрирани починати лица.
Направени се 649 тестови: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-16, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-33, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-12, Биотек-23, Систина-7, лабораторија Лаор-3, Синлаб-1, Ремедика-7, Плодност-1, Генеа-4, Никоб лаб-10, ВФВ Медикал-1, Ели медика плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 351.
Досега во земјата се направени вкупно 2.181.271 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.964, бројот на оздравени пациенти е 334.162, на починати е 9.561, а бројот на активни случаи изнесува 241.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 162199, Активни 177
Куманово 18245, Активни 3
Битола 17984, Активни 14
Прилеп 15550, Активни 20
Тетово 14475, Активни 1
Кавадарци 12095, Активни 2
Велес 10812, Активни 1
Охрид 10321, Активни 2
Гостивар 10279, Активни 4
Струмица 8784, Активни 3
Штип 8770, Активни 5
Кичево 6075, Активни 0
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5173, Активни 0
Гевгелија 4884, Активни 0
Неготино 4150, Активни 3
Ресен 3029, Активни 0
Радовиш 2836, Активни 0
Свети Николе 2795, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2184, Активни 1
Берово 1876, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1133, Активни 2
Богданци 1102, Активни 0
Крушево 1039, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 801, Активни 1
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сотир Лукровски прогласи победа во Карпош
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, прогласи победа на изборите.
„Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица и велеа: „Сотир, време е да се смени нешто!“ Гледавме како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда. Тоа беше реалноста. Но вечерва, таа реалност завршува. Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа. Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас, и ќе се гледа секое дело“, напиша Лукровски на Фејсбук.
Македонија
(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје
Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица.
Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки места со свои набљудувачи, а со тоа очекуваат да бидат воочени сите нерегуларности.
„Резултатите коишто ги имаме се се уште неизвесни. Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода, каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски учествува во изборите за вториот круг, забележавме дека имаме водство, што навистина ја отсликува волјата на народот“, соопштија од партијата Левица.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.

