Спорт
Продолжува војната – Тебас бара казна за ПСЖ поради лудото трошење
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, продолжува со нападите на непријателот број 1, Пари Сен-Жермен, јавно барајќи казна за францускиот тим поради нивното лудо користење на финансиската моќ.
ПСЖ, кои според француските медиуми, има загуба од 574 милиони евра од 2020 до 2022, успеа да го убеди Килијан Мбапе да ја одбие понудата од Реал Мадрид во текот на летото со неделна плата од 700.000 евра, со што се верува дека загубата на клубот ќе се зголеми за 630 милиони евра во следните три сезони.
Овој потег ги налути Реал Мадрид и самиот Тебас, кој во текот на летото со писмо до УЕФА побара казна за ПСЖ. Сега во интервју за „Ел мундо депортиво“ вели дека мора да има итна реакција.
ПСЖ претходно во 2017 плати 222 милиона евра за да го откупи договорот на Нејмар со Барселона и во моментот го има најскапиот тим во историјата со Нејмар, Меси и Мбапе во нападот.
И покрај протестите на Тебас, ниту во Шпанија финансиската ситуација на големите клубови не е розова. Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид имаат долгови од речиси милијарда евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

