Економија
Северна Македонија и ЕУ имаат партнерски пристап во процесот на преговори и во надминувањето на енергетската криза
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со владина делегација во состав со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и министерот за економија, Крешник Бектеши, ја пречека делегацијата од Европската комисија предводена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, која попладнево пристигна во Скопје во работна посета.
Премиерот Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Фон дер Лаен, имаа тет-а-тет средбa по што се одржа и билатерална средба на делегациите во Владата на Република Северна Македонија.
На состанокот е разговарано за почнатите преговори на Северна Македонија со Европската Унија за полноправно членство во Унијата, за чекорите во рамките на евроинтегративниот процес, како и за мерките за справување со економската и енергетската криза предизвикани од ситуацијата во Украина.
Изразена е јасна поддршка од Европската комисија за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија со оценка дека ова може да биде динамичен процес, особено ако се земе предвид усогласеноста на дел од македонското законодавство со европските регулативи.
Во таа насока заеднички е констатирано дека Република Северна Македонија може бргу да напредува во евроинтегративниот процес доколку сите политички субјекти во државава се посветат во остварувањето на оваа стратешка цел за што е изразено и очекување тоа да се случи.
Констатирано е дека европските интеграции се значајни за унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните во земјата според европските стандарди. Но, дека интеграцијата на Северна Македонија, како и на државите од Западен Балкан во Европската Унија, е значајно и за стабилноста и безбедноста на Унијата, што дојде до израз особено со војната на европскиот континент и потребата за заедничко справување со безбедносните и егзистенцијалните предизвици.
Особено е нагласено значењето на поставеноста на политиките на Северна Македонија на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на војната во Украина и соопштено е дека се цени солидарноста што ја покажува нашата држава со ЕУ во одбраната на мирот во Европа и светот.
Притоа е изразена заедничка согласност дека и справувањето со последиците од војната во Украина, како што се енергетската и економската криза, треба да се одвива на солидарна основа како меѓу државите членки на ЕУ така и со земјите од Западен Балкан.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за целата досегашна европска поддршка во демократскиот развој на нашата држава од независноста до денес и особено за личниот ангажман на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лаен, во почнувањето на преговорите на Северна Македонија со Унијата по 17 години од добиениот кандидатски статус.
„Предводам европска Влада со јасен фокус на евроинтеграциите за што говорат и добрите оценки во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата држава. Принципиелно сме поставени во развојот на добрососедските односи во европски дух преку дијалог. Нашите клучни активности сега се кон помош и заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување енергија во пресрет на зимата. Брз процес на интеграција во ЕУ е можен и тоа го заслужуваме по нашата посветена работа според европските принципи и вредности“, рече премиерот Ковачевски на билатералната средба со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лаен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

