Спорт
Интер ѝ ги урна соништата на Барса, Порто го уништи Бриж
Сите надежи на Барселона дека ќе се случи фудбалско чудо и ќе обезбеди пласман во осмина-финалето на Лигата на шампионите беа сурово урнати од Интер, кој со 4:0 го совлада чешкиот тим Викторија Плзењ за да осигури билет во елитата.
Барселона се надеваше дека Интер нема да победи и потоа со победи вечерва против Баерн Минхен и следната недела против Викторија ќе го прескокне Интер на табелата, но наместо тоа, втора сезона во низа ќе го продолжи натпреварувањето во Лига Европа. Вечерашниот меч против Баерн станува ревијален.
Интер, пак, по лошиот почеток на сезоната, може да здивне бидејќи има гарантирано место меѓу најдобрите 16 европски тима. Нервозата траеше до 35. минута кога по одличниот продор на Бастони, Хенрик Мхитарјан го постигна првиот гол, за пет минути подоцна, Един Џеко да осигури 2:0 предност. На 3:0 зголеми повторно Џеко во 66. минута за во 85. минута својот камбек на фудбалските терени Ромелу Лукаку да го прослави со гол по убавата соработка со Хоакин Кореа.
Во Белгија, пак, се урна митот за непобедливиот Клуб Бриж, кој загуби со високи 0:4 од Порто комплицирајќи ја ситуацијата во групата Б. Бриж останува лидер со 10 поени, Порто сега има 9, а фаворитот Атлетико Мадрид има 4 пред вечерашниот дуел со Баер Леверкузен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

