Спорт
Интер не ги планирал парите од осмина-финалето на ЛШ за разлика од Барса
Победата од 4:0 на Интер над Викторија Плзењ ги направи работите јасни во групата Ц во Лигата на шампионите – „неаѕурите“ заедно со Баерн Минхен влегуваат во нокаут-фазата, а Барселона втора сезона по ред е осудена на настап во Лига Европа.
Покрај спортските аспекти на овој резултат, влијанието на финансиите на Интер и на Барселона не може да бидат потценети. Директорот на Интер, Бепе Марота, пред клучниот меч на „Сан Сиро“ призна дека во пресметките на буџетот на клубот воопшто не се земени предвид можните средства за пласман во осмина-финалето, особено бидејќи беа во тешка група со Барселона и Баерн велејќи дека се сметало на третото место и на парите од Лига Европа.
„Да, тоа е вистина. Не знам што предвидуваа во Барселона, но процената на нашиот буџет беше скромен. Секако, целта беше да се помине групата и вечерва ќе биде круна на квалификување во екстремно тешка група“, изјави Марота.
За Барса, ова е тежок удар за плановите на претседателот на клубот, Жоан Лапорта, кој во текот на летото и покрај критичната ситуација во финансиите на клубот, потроши речиси 200 милиони евра на засилуваа (Левандовски, Рафиња, Кунде…) активирајќи повеќе кризни мерки, како продажба на ТВ-правата и комерцијални права во иднина. Шпанските медиуми тврдат дека во пресметката за финансиската стабилност на Блауграна, дефинитивно, биле пресметани десетиците милиони евра бонус, кои би ги добиле со пласман во нокаут-фазата на елитното европско натпреварување.
Како ова ќе се одрази на иднината на каталонскиот клуб останува да се види со процена дека ќе мора да продадат некој играч веќе во јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

