Спорт
Винисиус го продолжи договор со Реал

„Навивачите на Реал Мадрид можат мирно да спијат“, пишува „Ас“, откривајќи во текстот дека шпанскиот гигант го продолжил договорот со својата млада ѕвезда Винисиус Жуниор. Бразилецот имаше договор со Реал до крајот на сезоната 2023/2024.
Новиот договор што на Винисиус истекува во јуни 2027 година. Со новиот договор Бразулецот доби и значително покажување на платата, наместо досегашните три тој ќе заработува осум милиони евра по сезона.
Реал, на 12 јули 2018 година го потпиша првиот договор со Бразилецот. За транферот на тогаш 18-годишниот Винисусис, Реал плати 46 милиони евра.
Четири години подоцна, според „Трансфермаркт“, Винисису вреди 120 милиони евра.
Досега во кариерата, Винисиус за Реал одиграл 187 натпревари, постигнал 44 гола и забележал 48 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.
Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.
Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.