Црна хроника
Тешко повредени во сообраќајка кај Демир Капија

Мајка и син се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи во петок вечер, на патот Удово – Демир Капија, во која се судриле автомобил и два камиони.
Мајка и син се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи во петок вечер, на патот Удово – Демир Капија, во која се судриле автомобил и два камиони.
Како што информираат од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале автомобил со германски регистарски ознаки и два камиони со полуприколки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот БМВ, 31-годишниот И.С. и сопатничката, 63-годишната Н.Х.С, двајцата германски државјани, а дел од медиумите веќе објавија дека се работи за етнички Турци кои живеат и работат во Германија и синоќа биле на пат кон татковината.
Повредените биле пренесени во велешката болница. Мајката има повреди на главата, а синот бил со повеќе скршеници. Поради тежината на повредите, двајцата биле префрлени во Ургентниот центар во Скопје на КАРИЛ.
Камионите биле управувани од македонски државјани. Првиот камион „сканија“ со полуприколка бил со прилепски регистарски ознаки и со него управувал 61-годишниот Н.С. од Прилеп, а со вториот камион, исто така со полуприколка, со кавадаречки регистарски ознаки управувал 19-годишниот М. Ѓ. од Кавадарци.
Од МВР посочуваат дека сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 21. 50 часот по што сообраќајот бил целосно во прекин некаде до полноќ, а потоа до изутринава се одвивал наизменично. Оттаму потенцираат дека утрово сообраќајот е нормализиран./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.