Контакт

Свет

Кличко до Западот: Испратете ќебиња и генератори пред зимата

Објавено пред

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, изјави дека Украина е очајна поради бројните напади врз енергетската инфраструктура и дека киевската мрежа работи во итен режим.

dobivaj vesti na viber

Тој апелираше до Западот да испрати ќебиња и генератори во Украина за да ја преброди зимата.

Самиот градоначалник на Киев купил неколку генератори и поставил 1.000 мобилни пунктови за греење во Киев, организирани со помош на неговиот тим.

Стравовите продолжуваат да растат како што се приближува зимата, а Русите продолжуваат да ја напаѓаат клучната енергетска инфраструктура.

– Поради значителниот недостиг на електрична енергија, од 20 до 50 отсто од енергетскиот систем на градот работи во итен режим – напиша Кличко на Телеграм.

Тој изрази надеж дека вработените во Укренерго ќе го вратат протокот на електрична енергија на нормално ниво за две до три недели,пренесе Аваз.ба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Фицо на првото официјално патување надвор од Братислава по атентатот

Објавено пред

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја посети областа надвор од главниот град Братислава првпат по враќањето на функцијата по атентатот.

dobivaj vesti na viber

Фицо заедно со министерот за земјоделство Ричард Такач посети фарма во Нова Веса, североисточно од Братислава, за да ја проверат жетвата на житото. Тој во краток говор изјави дека Словачка не е подготвена да ја укине забраната за увоз на земјоделски производи од Украина и им се заблагодари на земјоделците за вложените напори.

Користеше бастун и не одговараше на прашања од медиумите. Тоа беше негово прво официјално патување по закрепнувањето од нападот на 15 мај кога беше застрелан во стомакот додека се поздравуваше со поддржувачите во градот Хандлова, 140 километри од главниот град.

Фицо, кој долго време важеше за поларизирачка политичка фигура во Словачка, се врати на власт по четврти пат минатата година по победата на неговата левичарска партија СМЕР по парламентарните избори во септември. Партијата ги стави проруските и антиамериканските пораки во фокусот на кампањата.

Прикажи повеќе...

Регион

Топлотен бран на Балканот, во Албанија и Србија температурата надминува 40 степени

Објавено пред

Нов топлотен бран го зафати Балканот во понеделникот, три недели откако претходниот бран предизвика прекин на електричната мрежа во неколку земји во регионот.

dobivaj vesti na viber

Во Албанија, каде што температурите надминуваат 40 Целзиусови степени, владата утринава предупреди дека „намерно или случајно предизвикување пожар“ се казнува со 15 години затвор.

Во Србија хидрометеоролошкиот институт РХМЗ денеска предупреди на силен топлотен бран прогнозирајќи дека ќе трае цела недела со температури до 40 степени и тропски ноќи во градските средини. Институтот прогласи портокалова тревога за добар дел од земјата.

Во Косово горештините се придружени со ветер и песок, а на граѓаните им се препорачува да не излегуваат на сонце.

„УВ-индексот ќе биде многу висок“, предупредија властите апелирајќи до возачите да бидат внимателни.

За време на претходниот топлотен бран, на 21 јуни, електричната мрежа се расипа во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија.

Прикажи повеќе...

Свет

Бројот на жртвите од рускиот напад на Киев се искачи на 15, повредени 37 лица, меѓу кои и едно дете

Објавено пред

Бројот на жртвите во рускиот напад на Киев се зголеми на 15, а повредени се најмалку 37 лица, меѓу кои и едно дете.

dobivaj vesti na viber

Пациентите од детската болница погодена од руската ракета се евакуирани во општинските болници во градот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, пренесува „Унијан“.

Како резултат на ракетен напад во реонот на Днепар, оштетена е повеќекатната зграда на медицинскиот центар, во нападот загинале четири лица, а три други се ранети, соопштија локалните власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија24 минути

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија26 минути

Кривичен: Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за...

Македонија37 минути

Лефков со прашања до Филипче: Со какви туѓи перја се китиме, црни Венко, со перјата за запалената модуларна? Со каква плата направи хациенда на Водно

„Едно јавно прашање до претседателот на заробената СДСМ. Со кои перја се китиме црни Венко? Со тие ли перја со...

Македонија1 час

Меџити на средба со пензионерите говореше за двете фази од покачувањето на пензиите: првата почнува од септември

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот Фатмир Лимани, пратеникот Беким Сали...

Македонија3 часа

Царинската управа: Мобилен тим спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот, воедно и сопственик...

Македонија3 часа

(Видео) Спасен маж од длабока тиња и кал како од жив песок на реката Пчиња

Центарот за управување со кризи објави дека утрово имало спасувачка акција на реката Пчиња, каде што човек пропаднал до гуша...

Топ4 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, во судир со автобус загина мотициклист

Вчера, во 19.40 часот, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид – Ресен, на крстосницата со локалниот пат за...

Македонија5 часа

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од „Македонски железници“ известиле дека вчера, во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација...

Македонија6 часа

Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна, само Македонија, прашува Филипче

Христијан Мицкоски, кој во Вашингтон отиде со половина од своите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот...

Македонија6 часа

Фрчкоски со најава дека е подготвен да се повлече од амбасадорското место: МНР нема потреба да измеќарува

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е погоден на идеологијата на новите власти. И...

Македонија6 часа

Регистриран земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија22 часа

Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени

Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за...

Македонија24 часа

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово...

Македонија1 ден

Премиерот и министрите со набиена агенда: почнува официјалната посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција ја нарече СДСМ „киднапирана“ и повика да се прочитаат медиумите во...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет1 ден

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион1 ден

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет1 ден

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...

Свет1 ден

(Видео) Отворени гласачките места за вториот круг од парламентарните избори во Франција

По убедливата победа на Марин Ле Пен во првиот круг минатата недела, каде секој трет гласач го поддржа Националниот митинг...