Спорт
УЕФА му исплатила 3 милиони евра на Интер за Кристијан Ериксен
Кристијан Ериксен преживеа срцев удар на натпреварот меѓу Данска и Финска на минатогодишното Европско првенство, а потоа му беше поставен дефибрилатор. Правилата во Италија го спречија да продолжи да игра за Интер, па мораше да го раскине договорот и да се пресели во Премиерлигата, откако се опорави и доби дозвола повторно да игра фудбал.
Сепак, Интер не остана без обештетување за несреќата поради која остана без одличен играч за врска. УЕФА му исплатила 3 милиони евра на италијанскиот клуб.
Ериксен пристигна во Интер од Тотенхем во јануари 2020 година за 27 милиони евра и собра 60 настапи во сите натпреварувања и го освои Купот на Италија. На фудбалот му се врати во Брентфорд, со кого по заминувањето од Интер потпиша шестмесечен договор, а летово како слободен играч потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Украина обезбеди бараж, Франција и Англија ја потврдија доминацијата, победи и Србија
Во решавачкиот натпревар од 6-то коло од групата Д од квалификациите за Светското првенство, Украина го победи Исланд со 2:0 (0:0) и се избори за место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Украина, во клучниот натпревар во борбата за второто место го победи Исланд со голови во последните 10 минути од натпреварот.
Стрелци на головите на натпреварот одигран во Варшава беа Зубков во 82-та минута и Гуцуљак во 93-та минута/
Во истата група, како гостин, Франција го победи Азербејџан со 3:1 и го потврди првото место.
Во К групата, во пресрет на последната рунда беа решени сите дилеми. Англија избори пласман на СП, а Албанија ќе игра во баражот.
Во Тирана, Англија со головите на Хари Кејн ја победи Албанија со 2:0. Англичаните со максимални осум победи и гол разлика 22:0 го завршија овој квалификациски циклус.
Досега, само четири репрезентации ги завршија квалификациите за Светското првенство со 100% учинок и без примен гол: Германија (2018), Шпанија и Холандија (2010) и Западна Германија (1982).
Србија по пресврт во втриот дел успеа да слави над Летонија со 2:1. Летонвите водеа по првиот дел со голот на Гутковскис. Во второто полувреме, играчите кои влегоа од клупата го режираа пресвртот, ветеранот Катаи и синот на легендарниот српски ас Дејан Станковиќ, Александар.
Спорт
Синер ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс
Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз.
Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба.
Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните 40+ натпревари, само Новак Ѓоковиќ го победи, и тоа во финалето на Торино 2023 година.
Алкараз и покрај поразот ја заврши годината на првото место, но Синер со овој триумф ја намали неговата предност на 550 поени.
За дваесет и четиригодишниот Синер, ова е шеста титула во сезоната, а 24-та вкупно во неговата кариера.
Бидејќи го освои Завршниот Мастерс без пораз, Синер освои 5 милиони долари. Со одбраната на титулата влезе во друштвото на Ѓоковиќ, Федерер, Хјуит, Сампрас, Мекенро, Лендл, Борг и Настасе.
Спорт
Манчестер Јунајтед во НБА Европа
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа.
Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер.
Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување.
„Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, бил првиот што се согласил на овој проект, мора да има причина за тоа, нели? Ова е нова лига што ќе има добар систем, одлични ресурси и ќе обезбеди одлична забава за гледачите. Договорот е дека членовите мора да играат во домашни лиги“, потврди Петручи.
НБА Европа има план да регрутира повеќе тимови од големите европски градови…
„Тим од Рим? Да, ќе има и тим од Рим. Постои можност да биде поврзан со многу богат претприемач“, потврди тој.
Значи, Манчестер Јунајтед е првиот, а се чини дека тимот од Рим ќе биде вториот новоформиран кошаркарски тим што ќе се приклучи на НБА Европа, која ќе започне во сезоната 2027/28.

