Црна хроника
(Видео) Приведени дилери во Скопје и Ресен – во акцијата повредени се полицајци и оштетени се возила

Во текот на вчерашниот ден (28.09.2022) од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за Криминалистичка полиција во соработка со Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Битола, СВР Скопје и ОВР Струга беа преземени низа мерки и активности и притоа во Скопје е лишен од слобода А.А. (37) од Скопје, а во Ресен е лишен од слобода Л.Г. (28) од Струга, по обезбедени материјални докази дека се инволвирани во извршување на кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик.
При приведувањето, Л.Г., кој од претходно е осуден за нелегална трговија со дрога и требало да биде во казнено-поправна установа, се обидел да избега и при тоа оштетил две службени возила, а повредени се двајца полициски службеници, со што извршил кривично дело „напад на службени лица при вршење на работи од безбедноста“. Но, бил совладан и приведен, а известен е и јавен обвинител од ОЈО Битола.
Л.Г. и А.А. заедно со Б.П. (36) и С.Д. (кои се претходно приведени и одредена им е мерка притвор) договориле купопродажба на 490 грама марихуана, која ја извршиле на 14.09.2022 во близина на Катлановска бања. Истиот ден полициски службеници на наплатната станица Сопот сопреле возило „фиат пунто“, управувано од С.Д. при што во возилото е пронајдена дрогата. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје поради извршено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тепачка во болницата „8 Септември“: двајца скопјани ги нападнале вработените

Вчера во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од с.Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
Топ
Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд.
Според информациите на МВР тие се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
Пијан возач удрил во бетонски столб во Струшко

Доцна синоќа во 02.20 часот, во полиција е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Октиси, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Ш., удрило во бетонски столб.
Возачот бил пренесен во Општата болница во Струга. По извршено алкотестирање, утврдено е дека тој возилото го управувал со 1,93 промили алкохол во крвта, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.