Забава
Употребата на расистички зборови на Твитер скокна за 500% по преземањето на Маск

Откако Илон Маск потпиша договор за преземање на социјалната мрежа Твитер, бројот на говор на омраза на платформата е зголемен. Многу корисници пишуваат навредливи содржини за да ги тестираат границите на слободата на говорот, па податоците покажуваат дека употребата на зборот „nig*er“ е зголемена за речиси 500 проценти за само 12 часа.
Институтот за истражување на заразата на мрежата (NCRI), кој се смета себеси за „неутрална и независна трета страна чија мисија е да следи, разоткрие и да се бори против дезинформациите и измамите на социјалните мрежи“, ги следеше ефектите од преземањето на Маск и најде докази кои сугерираат дека многумина ги тестираат границите на слободата на говорот на Твитер.
Evidence suggests that bad actors are trying to test the limits on @Twitter. Several posts on 4chan encourage users to amplify derogatory slurs.
For example, over the last 12 hours, the use of the n-word has increased nearly 500% from the previous average. pic.twitter.com/mEqziaWuMF
— Network Contagion Research Institute (@ncri_io) October 28, 2022
И корисниците на Твитер забележаа бројни примери на говор на омраза што се шири низ мрежата во четвртокот навечер и во петокот наутро, вклучувајќи коментари кои може да се опишат како неонацистички, расистички и антисемитски.
We're off to quite a start with groyper Nazi trolls feeling explicitly emboldened by Elon to threaten murder and use racist, anti Semitic, and homophobic slurs.
I'm sure the advertisers are going to love having their ads next to this. pic.twitter.com/HfUNC4buO0
— Alejandra Caraballo (@Esqueer_) October 28, 2022
„ Овде имаме нацистички тролови кои се чувствуваат видно охрабрени од Маск, па веќе се закануваат со убиство и користат расистички, антисемитски и хомофобични навреди. Сигурен сум дека на огласувачите ќе им се допаднат и нивните реклами покрај ваквата содржина“, еден корисник напиша иронично и приложи примери за говор на омраза.
Употребата на зборот „н“ флуктуира во просек помеѓу 400 и 500 пати на ден, а сега скокна на повеќе од 1.500 откако беше официјално потврдено преземањето на Илон Маск.
Многумина се прашуваат дали профилот на Доналд Трамп, кој беше забранет од платформата по нападот на Капитол на 6 јануари, повторно ќе се активира. Канје Вест, чиј профил неодамна беше блокиран поради антисемитски коментари, неодамна се врати на страницата, иако Маск тврди дека тој не бил вклучен во одлуката.
Маск официјално стана сопственик на Твитер во четвртокот, неколку месеци откако првпат ги објави плановите да го купи во зделка вредна 44 милијарди долари.
the bird is freed
— Elon Musk (@elonmusk) October 28, 2022
Првиот твит што го објави по официјалното преземање гласеше: „Птицата е ослободена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Двејн Џонсон објасни зошто ослабел: „Сè уште имам долг пат пред мене“

Двејн Џонсон, попознат како Карпата, неодамна ги загрижи обожавателите со својот забележително послаб изглед, но сега реши да стави крај на шпекулациите и да ја објасни заднината зад неговата трансформација на телото.
Поранешниот борач, сега еден од најплатените актери, се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и на настанот „Миу Миу“ со својата колешка Емили Блант, а неговиот нов изглед предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, пишува LADbible.
@varietymagazine Emily Blunt and Dwayne Johnson, stars of “The Smashing Machine,” attend the #VeniceFilmFestival ♬ original sound – Variety
Обожавателите веднаш почнаа да дискутираат за здравјето на 53-годишниот актер, а некои на шега го нарекоа Каменчето поради неговата потенка фигура. Шпекулациите на крајот стигнаа и до самиот Џонсон, кој ја искористи можноста да ја разјасни ситуацијата и да ги смири оние што беа загрижени за него.
На Филмскиот фестивал во Торонто, Карпата потврди дека нема апсолутно причина за грижа.
Актерот потврди дека губењето на тежината е резултат на подготовката за улогата во филмот Chicken Man додавајќи: „Сè уште имам долг пат пред мене“.
Џонсон не е првиот актер што претрпел екстремна трансформација за улога. Кристијан Бејл, на пример, изгуби речиси 30 килограми за филмот The Machinist. За Карпата, промената означува и пресвртница во кариерата и желба да се оддалечи од улогите во акционите блокбастери.
Забава
Хилари Даф ѝ се враќа на музиката по десет години

По еднодецениска пауза, обожавателите на Хилари Даф, конечно, добија добри вести. Популарната актерка и пејачка го потврди своето враќање на музичката сцена во вторникот, точно една деценија по објавувањето на својот последен албум Breathe In. Breathe Out. во 2015 година.
Официјалното соопштение за медиумите потврди дека 37-годишната ѕвезда потпишала договор со Atlantic Records, а заедно со новата музика во подготовка е и документарна серија што ќе го следи нејзиното враќање.
Проектот, режиран и продуциран од Сем Ренч, „ќе ги следи долгоочекуваното музичко враќање и личното патување на Даф нудејќи нефилтриран поглед во светот на Хилари“, се вели во соопштението.
View this post on Instagram
Серијата ќе ги следи хронолошки нејзините подеми, падови и сè помеѓу, а обожавателите ќе може подетаљно да ја видат додека таа го балансира семејниот живот со снимање нови песни, вежбање за настапи во живо и подготовка за нејзиното прво сценско појавување по повеќе од една деценија. Документарецот ќе вклучува и интервјуа, снимки од настапи и видеа од нејзината лична архива.
Пејачката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на „Инстаграм“. „Нова музика… или нешто слично“, напиша Даф кратко покрај серија фотографии.
Забава
(Фото) Поминала низ пекол поради својата тежина: „Ме болеше кога еден човек ми кажа дека сум дебела“

Пејачката Селена Гомез со години се бори со својата тежина, а поради својот изглед, редовно беше цел на негативни коментари, па дури и навреди, што ја натера да се чувствува лошо и да ја изгуби самодовербата. Таа отворено зборуваше за својот трнлив пат во јавноста не криејќи дека некои од навредите многу ја повредуваат.
„Се соочив со многу проблеми со тежината во мојот живот и тоа е нешто на кое сум многу чувствителна. Навистина ме повреди некој кој ми рече дека сум дебела. Зошто се појавува таа емоција?“, рече Селена, која редовно оди на терапија за да се бори со своите несигурности.
View this post on Instagram
„Дефинитивно, мора да бидете спремни да работите на тоа, а тоа може да биде незгодно“, рече пејачката, на која ѝ беше дијагностициран лупус во 2014 година по што ѝ беше трансплантиран бубрег и ѝ беше дадена терапија.
Покрај тоа, пред пет години таа објави дека има биполарно растројство, како и дека се бори со депресија и анксиозност. Со јавно и искрено зборување за она низ што поминува таа сака да ја подигне јавната свест и да испрати порака дека овие состојби никогаш не треба да бидат табу-тема во 21 век бидејќи со нив се соочуваат сè повеќе луѓе.
View this post on Instagram
Селена Гомез и нејзиниот свршеник Бени Бланко набргу ќе се венчаат, а се свршија една година откога почнаа да се забавуваат. Тие се познаваат од 2019 година кога работеа заедно на песната I Can’t Get Enough. Пејачката неодамна прослави моминска забава, а претходно изјави дека е сигурна оти сака иднина со Бени.