Спорт
Тунис може да биде исфрлен од СП

ФИФА жестоко го предупреди Тунис дека може да ја исфрли репрезентацијата од Светското првенство поради мешањето на политиката во спорот. Мундијалот во Катар ќе почне за 20 дена.
Како што пренесуваат светските медиуми, ФИФА испратила писмо до Фудбалскиот сојуз на Тунис, во кое се заканува дека ќе го исфрли од турнирот доколку политичарите продолжат да се мешаат во работата на Сојузот. Спорно било влијанието на тунискиот министер за млади и спорт, Камел Дегуиче.
„Доколку не се придржувате до овие барања, тоа може да резултира со казни според статутот на ФИФА, вклучително и суспензија на Федерацијата“, се вели во писмото до ФИФА.
Министерот Дегуиче наводно се обидел да го одложи почетокот на националното првенство и да направи лична ревизија, а во еден момент се закани дека тамошното Министерство за спорт има целосно право да го разреши целото раководство на Федерацијата.
Затоа, ФИФА одлучи да интервенира бидејќи, според нејзините закони, сите членки мора да бидат целосно ослободени од политички и правен притисок.
Тунис е во групата Д на мундијалот заедно со Франција, Данска и со Австралија, а ако се случи преседан и тие бидат исфрлени, прашање е кој ќе влезе на нивото место?
Во баражот Тунис беше подобар од Мали со вкупен резултат 1:0, па логично би било таа африканска селекција да дебитира на СП, но според медиумите фаворит е Италија како најдобро рангирана репрезентација на ФИФА-листата, која не избори пласман на Светското првенство.
Доколку ФИФА би ја избрала Италија, тоа би бил уште еден преседан бидејќи Африка би загубила едно загарантирано место, а Европа би добила едно повеќе од очекуваното…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лено херој, Линделоф и Зикрзе трагичари, Фулам го елиминира Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед испадна од ФА купот. Во осминафиналето, на домашен терен, Фулам по изведувањето пенали го победи Јунајтед. На „Олд Трафорд“ по 120 минути игра резултатот беше 1:1, а пенал серија Фулам ја доби со 4:3. Апсолутен херој е голманот на Фулам, Бернд Лено, кој во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе.
Гостите први дојдоа до гол во осминафиналето. Во судиското надополнување на првото полувреме, Баси најдобро се снајде и го совлада Онана.
Рубен Аморим направи неколку измени, во вториот дел, прво ги внесе Гарначо и Линделоф, а потоа Оби и Касемиро, а во 71. минута Јунајтед успеа да израмни. Дало испрати повратно додавање од левото крило, а на вистинското место се најде капитенот Бруно Фернандеш кој со лева нога погоди за 1:1.
Регуларниот дел заврши без победник, а во продолженијата не се случи ништо значајно. Најдобрата шанса ја имаше младиот напаѓач на Јунајтед Оби, неговиот удар брилијантно го одбрани Лено во 106.минута.
Во пенал серијата за Јунајтед погодија Бруно, Дало и Касемиро, не реализираа Линделоф и Зиркзе. Кај Фулам сите шутери беа прецизни: Раул Химензе, Берге, Вилија и Робинсон.
Спорт
(Видео) Елмас ја најави победата на Торино во Монца

Торино победи во Монца 2:0, во 27.коло во Серија. „Биковите“ ја продолжија успешната серија, имаат еден пораз на последните пет натпревари. Монца е во се потешка ситуација, се наоѓа на последното место со 14 поени и речиси и да нема шанси да избори опстанок во лигата.
Победата на Торино ја најави македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во 41.минута. Елмс го постигна својот втор гол во дресот на Торино, откако во јануари пристигна во овој клуб на позајмица од Лајпциг.
Победата на гостите ја потврди Касадеи во 66.минута.
Спорт
Адеми се повреди, Ристовски доби црвен картон, Динамо не успеа да го победи Хајдук
Фудбалерите на Динамо и Хајдук ремизираа 2:2 во вечното дерби на хрватскиот фудбал, кое се одигра во 24. коло. Од нерешениот резултат најмногу профитираше лидерот Риека, бидејќи вчера неочекувано ремизираше против Горица. Риека ја задржа предноста од еден бод во однос на Хајдук и седум во однос на Динамо.
Загреб поведе во шестата минута со голот на Мартин Батурина, но Хајдук израмни во 31. минута со автоголот на Бартол Фрањиќ. Ронаел Пјер-Габриел му донесе ново водство на актуелниот хрватски шампион со голот во 48. минута.
Хајдук имаше играч повеќе од 66. минута бидејќи Стефан Ристовски доби црвен картон, а предноста од еден човек ја искористија во 91. минута кога Филип Кровиновиќ постигна гол за израмнување. Во 11.минута од судиското надополнување на времето, црвен картон кај Динамо доби и Галешиќ.
Покрај Ристовски, мечот на „Максимир“ го започна и упте еден поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, кој поради повреда го напушти теренот во 28.минута.