Црна хроника
Тешко повреден малолетник кога автомобил удрил во неговиот велосипед
Вчера, во 12.30 часот, во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во с. Марена, Кавадаречко, патничко возило „форд“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р. Р. (32) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од малолетник од с. Марена.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, констатирани од Општата болница во Кавадарци.
Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница.
„На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година“, соопштија од МВР.
Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Битола.
Црна хроника
Полицијата во патничко возило со скопски регистарски ознаки пронашла 11 мигранти
На влезот во гевгелиското село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки вчера пронашле 11 лица мигранти.
МВР денеска осопшти дека вчера во 03.50 часот полицијата во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашла 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција.
– Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.
Црна хроника
ДУИ го осуди нападот врз претседателот на ФФМ
ДУИ го осуди вчерашниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација Муамед Сејдини и изрази загриженост дека ова треба да биде силен аларм дека меѓуетничките тензии во земјата се зголемени.
„Овој инцидент се случува во време кога Владата се однесува како „бик во продавница за порцелан“, игнорирајќи ја и маргинализирајќи ја улогата на Албанците во јавниот и институционалниот живот и потценувајќи ја важноста на меѓуетничките односи. Ваквите постапки, кои доаѓаат во недела со серија други инциденти со етничка заднина, само дополнително ја влошуваат ситуацијата и создаваат опасна атмосфера за меѓуетничкиот соживот“, пишува во соопштението на Демократската унија за интеграција.
ДУИ тврди дека претседателот на ФФМ бил нападнат само поради неговата етничка припадност.
„Овој напад се случува и во контекст на голем неуспех во процесот на европска интеграција, што предизвика длабоко разочарување и ги затемни перспективите и надежите на нашите граѓани. Навредливите изјави на министерката за образование, која ги навреди вработените Албанци, нарекувајќи ги „неписмен народ”, дополнително ги зголемуваат тензиите и поделбите во општеството“, се вели во соопштението на партијата.
ДУИ ги повикува органите да реагираат брзо и професионално за да го расчистат овој случај, а Владата сериозно да размисли за важноста на зачувувањето на меѓуетничките односи и да ги почитува принципите на правично и еднакво застапување на сите граѓани.