Црна хроника
Притвор за дилери на марихуана, заедно пренесувале приближно половина килограм марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за проведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Имено, двајца од осомничените, на 14 септември, на паркинг во близина на Катлановска Бања во селото Катланово, заедно, заради продажба, пренесувале 489,4 грама наркотична дрога марихуана, а третиот посредувал во продажбата на дрогата.
Полициските службеници ја откриле дрогата при преглед на автомобил на наплатната станица „Сопот“.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против двајца од осомничените, од кои едниот требало да се наоѓа на издржување казна затвор во затворот „Идризово“, меѓутоа по сторување на делото, бил откриен како слободно се движи во Ресен.
Третиот осомничен, пак, посредник при продажбата на дрогата, веќе се наоѓа во притвор по лишувањето од слобода пред 10-ина дена во постапка на Основното јавно обвинителство Велес за друг случај на илегална продажба на марихуана.
Од 14 септември Основното јавно обвинителство Велес води постапка и против лицето што ја купило дрогата од тројцата осомничени и во чиј автомобил ја пронашле полицајците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

