Забава
Емили Ратајковски: Нема луѓе што целосно се хетеросексуални

Емили Ратајковски проговори за својата сексуална ориентација во интервју за ноемвриското издание на „Харпер базар“.
„Мислам дека сексуалноста варира. Не верувам дека има само ‘стрејт’ луѓе“, изјави британскиот супермодел (31) коментирајќи го популарниот тренд на „Тик-ток“, во кој и таа учествува и сугерира дека е бисексуална.
За потсетување, Емили претходно објави видео од својата софа во зелено кадифе како одговор на прашањето на корисник на „Тик-ток“ дали е вистина оти жените што купуваат зелени каучи се бисексуални. Овој пат таа објасни што сакала да каже со видеото.
„Моја пријателка дојде кај мене дома и ме праша дали ја следам темата со зелениот кауч. И двете почнавме да се смееме кога сфативме дека имам огромен зелен кауч“, објасни таа додавајќи дека, без разлика на шегата, таа сè уште не верува дека има исклучиво хетеросексуални луѓе.
Британската манекенка, која има и сопствен бренд костими за капење, „Инамората“, нагласи дека нејзин моментен приоритет се благосостојбата и среќата на едногодишниот син Силвестер Аполо кого го има со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Меклард.
„Никогаш не сум имала толку јасни приоритети во мојот живот. Моето дете е на прво место и тоа е така. Мајчинството ме натера да се запрашам што е навистина важно во животот и што можам да го научам мојот син“, открива таа.
Ратајковски сè повеќе влегува во светот на поткастите. Нејзиниот најнов поткаст, High Low with EmRata, почнува денес и ќе објавува две епизоди неделно бесплатно и уште една за претплатниците.
Таа откри и со какви теми ќе се занимава.
„Сакам да зборувам за секс, а во исто време да ги имам елоквентноста и стилот на интервју на Тери Грос. Многу теми ќе бидат поврзани со жените, тоа е она што најмногу ме интересира и тоа е она што го правам“, изјави Ратајковски за весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најлошите свекрви се родени во три хороскопски знаци

Односите меѓу снаите и свекрвите многу често се далеку од она што би се нарекло идеално. Секако, постојат исклучоци, но за напнатите врски, љубомората, непочитувањето, па дури и омразата меѓу двете најважни жени во животот на еден маж се зборува многу почесто.
Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете, но некои од нив сакаат секогаш да им бидат на прво место, дури и кога нивниот син ќе се ожени. Подолу се наведени трите типа најлоши свекрви според нивните хороскопски знаци.
Според астролошките верувања, постојат три хороскопски знаци во кои се раѓаат свекрвите кои сакаат да се мешаат во сè, поради што се сметаат за најлоши свекрви.
Рак
Свекрвата Рак честопати изгледа весела, љубезна и насмеана, но кога подобро ќе ја запознаете, ќе сфатите дека сака да го пика носот таму каде што не треба и да предизвикува конфликти во семејството.
Понекогаш се чувствува навредена од ситници и е во состојба да направи претстава ако има публика. И покрај ова, доколку и кога е потребно, таа е подготвена да им помогне на својот син и снаа.
Лав
Ако имате свекрва Лав која ве гледа со неодобрување од време на време, веројатно сте заборавиле да ѝ дадете комплимент.
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а комплиментите им се важни бидејќи се чувствуваат ценети. Од друга страна, свекрвите Лавови обично ги обожаваат своите внуци и едвај чекаат да ги поканите на гости.
Овен
Разговорот со вашата свекрва Овен може да биде пријатен. Тие често нудат совети, помош или ги чуваат своите внуци без вие дури и да ги прашате. Но, можат да одат предалеку и да почнат да се мешаат во сè што се однесува на вашиот брак.
Сепак, тие не се штетни на долг рок, а нивното присуство може да донесе многу насмевки.
Забава
(Видео) Најзгодната фудбалерка објави снимка во бикини: „Мислам дека ќе почнам да следам женски фудбал после ова“

Хрватската фудбалерка Ана Марија Марковиќ, која е прогласена за најубава фудбалерка на светот, објави ново видео од плажа, кое особено ги воодушеви нејзините фанови.
Имено, Ана Марија ги покажува своите завидни вештини со топката во бикини на плажа.
„Не ми треба ништо друго“, напиша таа кратко во описот на објавата.
„Топ“, „Треба да најдам девојка како тебе“, „Мислам дека ќе почнам да следам женски фудбал после ова“, „Прекрасни сте“, „Прекрасен пар“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.
Забава
(Фото) Иванка Трамп за крајот на бајката во Венеција – прошета во најубавиот летен фустан

Раскошната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржа во Венеција и траеше три дена, конечно заврши.
Гостите почнаа да заминуваат од Италија, а ние имавме можност да уживаме во бројни инспиративни модни изданија.
Кога ќе се појави Иванка Трамп, гарантирано е дека гламурот и елеганцијата ќе бидат единственото нешто што ќе го видите околу неа, но овој пат таа покажа дека може да блесне и кога станува збор за секојдневни, полежерни комбинации.
Иванка за заминувањето од Венеција избра вистински летен фустан со цветни мотиви во комбинација од светло и темно сина боја. Фустанот благо ја следеше линијата на телото, но исто така беше и лежерен, па удобноста очигледно беше врвен приоритет.
Таа го комплетираше своето модно издание со природен изглед, без шминка, додека косата ѝ беше врзана ниско.
Иако титулата најдобро облечена жена честопати ѝ припаѓала на кралицата Летиција, особено кога станува збор за летни избори, се чини дека Иванка Трамп овој пат можеби успеала да ја надмине.