Македонија
Јаулески: Ќе поднесеме закон за субвенциониран студентски оброк за зголемување на субвенцијата од 120 на 160 денари
Денес, до Собранието ќе поднесеме закон за субвенциониран студентски оброк, со кој бараме зголемување на субвенцијата од 120 на 160 денари и исплата на средствата по истиот принцип како и минатата година, информира Јован Јаулески, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Студентите нема да земат финансиски средства за субвенциониран студентски оброк овој месец затоа што владејачкото мнозинство лани брзаше со законските измени и донесе конфузни решенија, кои оставаат правна празнина и неможност на Министерството за образование и наука да исплати средства. Ја повикуваме власта да го прифати нашиот предлог-закон и веднаш да им се помогне финансиски на студентите со цел зачувување на и онака кревкиот студентски стандард“, додаде Јаулески.
Освен студентите, вели тој, и средношколците треба да добијат соодветна финансиска поддршка и за нив се бараат по 3.000 денари месечно во периодот додека трае кризната состојба, т.е. до 30 април 2023 година.
„Владата мора да скрати од своите луксузирања за да им покаже на младите, т.е. иднината на државата, дека мисли на нив. Без младина, нема иднина. Состојбите со кои се соочуваат студентите се загрижувачки. Кај нас власта гледа да скрати, а во многу европски земји се даваат дополнителни средства за студентите. Токму затоа преку Клубот за младински прашања и политики ќе иницирам одржување јавна расправа, на која ќе бидат поканети релевантните институции, но и претставниците на студентите. Мора да најдеме одржливи решенија за проблемите со кои се соочуваат студентите“, појасни Јаулески.
Оваа власт, како што рече, ветуваше повисстуок дентски стандард, ветуваше поквалитетно образование, а ги излажа студентите. „Еве можност не само преку декларативни заложби туку со прифаќање на ова предлог-законско решение да покажат дека барем малку мислат на студентите“, потенцира Јаулески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

